← 1Chronicles (15/29) → |
1. | Тогаш си изгради тој палата во Давидовиот град, подготви место за Ковчегот Божји и направи скинија за него. |
2. | И рече Давид: "Никој не смее да го носи Ковчегот Божји, освен левитите, бидејки нив ги избра Господ, за да го носат Ковчегот на Бога и да му служат засекогаш." |
3. | И ги собра Давид сите Израилци во Ерусалим, за да го внесат Ковчегот Господов на местото негово, што беше го поставил за него. |
4. | Па ги свика Давид синовите Аронови и левитите: |
5. | од синовите Каатови, началникот Урил и браката негови - сто и дваесет души; |
6. | од синовите Марариеви, началникот Асаија и браката негови - двесте и дваесет души; |
7. | од синовите Гирсонови, началникот Јоила и браката негови - сто и триесет души; |
8. | од синовите Елисафанови, начланикот Семеја и браката негови - двесте; |
9. | од синовите Хевронови, началникот Елиила и браката негови - осумдесет; |
10. | од синовите Озиилови, начланикот Аминадава и браката негови - сто и дванаесет. |
11. | И ги повика Давид свештениците: Садока и Авијатара, и левитите: Урила, Асаија, Јоила, Семеја, Елиила и Аминадава, |
12. | и им рече: "Вие, началници на левитските родови, осветете се, вие и браката ваши, и однесете го Ковчегот на Господа, Бога Израилев, на местото, што сум му го подготвил; |
13. | и поради тоа што порано не го вршевте вие тоа, Господ, Бог наш, не рааздели, затоа што не Го баравме, како што требаше." |
14. | И се осветија свштениците и левитите, за да го носат ковчегот на Господа, Бога Израилев. |
15. | И синовите левитски го понесоа ковчегот Божји, како што беше заповедал Мојсеј според словото Господово, на раменици, со лостови. |
16. | Тогаш Давид им заповеда на левитските началници да ги постават браката свои певци со свирки - псалтири, гусли и кимвали, да разгласат со висок радосен глас. |
17. | Левитите го поставија Јоиловиот син Етана, и од бракате негови - Варахиевиот син Асаф, а од синовите Мерариеви, нивни брака - Кисеовиот син Етан; |
18. | и со нив браката нивни, второстепени: Захарија, Озила, Семирамота, Јеила, Ананија, Елијава, Ванеја, Масија, Мататаија, Елифала, Макенија и Авдеда, Јеила и Озија вратари. |
19. | Еман, Асаф и Етан свиреа високо на бакарни кимвали, |
20. | а Захарија, Озиил, Семирамот, Јехил, Ананиј, Елиав, Масија и Ванеја - на псалтири, со тенок глас. |
21. | А Мататија, Елифала, Макенеј, Авдедом, Јеил и Озија - на гусли, за да преземаат. |
22. | Хоненија, пак, началник левитски, беше учител по пеење, зашто беше вешт во пеењето. |
23. | Варахија и Елкана беа вратари при Ковчегот. |
24. | Совенија, Јосафат, Натанаил, Амасија, Захарија, Ванаја и Елиезер, свештеници, трубеа со труби пред Ковчегот Божји. Авдедом и Јехија беа вратари при Ковчегот. |
25. | И така Давид и старешините Израилеви и иљадниците отидоа да го пренесат Ковчегот на заветот Господов од домот на Авдедома со веселба. |
26. | И кога Бог им помогна на левитите, што го носеа Ковчегот на заветот Господов, заклаа како жртва седум телиња и седум овни. |
27. | Давид беше огрнат со наметка од тенко платно, а исто така и сите левити, како и певците што го носеа Ковчегот, Хоненија, кој раководеше со свирачите и со певците. Давид носеше и ленен ефод. |
28. | И така сиот Израил го внесуваше Ковчегот на заветот со извици, при звуци од рог, труби и кимвали, свирејки на псалтири и гусли. |
29. | Кога Ковчегот на заветот Господов влегуваше во Давидовиот град, Мелхола, Сауловата керка, гледаше од прозорецот и, откако го виде царот Давид како игра и се весели, го презре во срцето свое. |
← 1Chronicles (15/29) → |