| ← 1Chronicles (14/29) → |
| 1. | Тирскиот цар Хирам испрати при Давида пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом. |
| 2. | Откако разбра Давид, дека Господ го утврдил за цар над Израилот, дека царството негово се воздигнува високо, заради народот негов Израилот. |
| 3. | тој си зеде уште жени во Ерусалим, и му се родија уште синови и керки. |
| 4. | Еве ги имињата на оние, што му се родија во Ерусалим: Сам, Совав, Натан и Соломон, |
| 5. | Јевеар, Елисуј, Елифалет, |
| 6. | Нагед, Нафат, Јафија, |
| 7. | Елисам, Валијад, Елифалет. |
| 8. | И слушнаа Филистејците, дека Давид бил помазан за цар над целиот Израил, и сите тие се кренаа да го бараат Давида. А Давид, откако разбра, излезе против нив. |
| 9. | Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската долина. |
| 10. | Давид го праша Бога, велејки: "Да одам ли против Филистејците, и ке ги предадеш ли во рацете мои?" Господ му одговори: "Оди, Јас ке ги предадам во рацете твои." |
| 11. | Тие отидоа во Ваал-Фарасин, и таму ги порази Давид. И рече Давид: "Бог ги пресече моите непријатели преку раката моја како воден пролом." Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Фарасин. |
| 12. | И Филистејците ги оставија боговите свои таму, а Давид заповеда, та ги изгореа со оган. |
| 13. | И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината. |
| 14. | Давид пак го праша Бога, и Бог му одговори: "Не оди прави во пресрет нивни, туку скршни од нив и оди кон нив откај црниците; |
| 15. | и кога ке чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ке излезе пред тебе, за да го порази филистејскиот логор." |
| 16. | Давид направи така, како што му заповеда Господ, и го порази филистејскиот логор, од Гаваон до Газер. |
| 17. | И Давидовото име се разнесе по сите земји, и Господ го направи страшно за сите народи. |
| ← 1Chronicles (14/29) → |