| ← 1Chronicles (13/29) → |
| 1. | Давид се советуваше со иљадниците, стотниците и со сите војводи, |
| 2. | и му кажаа на целото собрание израилско: ако ви е угодно, и ако благослови Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши брака насекаде по целата Израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат при нас, |
| 3. | и да го пренесеме Ковчегот на нашиот Бог при нас, зашто во Сауловите дни не се обрнувавме кон него." |
| 4. | И целото собрание рече: "Така нека биде!" зашто тоа му се виде праведно на целиот народ. |
| 5. | Така Давид ги собра сите Израилци, од Сихор Египетски до влезот во Емат, за да го пренесат Ковчетот Божји од Киријат-Јарим. |
| 6. | И отиде Давид и сиот Израил во Кириат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму Ковчегот на Бога, Господа, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име. |
| 7. | И го повезоа Ковчегот на нова кола од домот Аминадавов, а Оз и браката негови ја водеа колата. |
| 8. | Давид, пак, и сите Израилци свиреа со сета сила пред Бога, со пеење на гусли, псалтири, тимпани и труби. |
| 9. | Кога стигнаа до Хидоновото гумно, Оз посегна со раката да го придржи Ковчегот, бидејки воловите го беа настраниле. |
| 10. | Но Господ се разгневи на Оза и го порази поради тоа што посегна со рака кон Ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице. |
| 11. | Давид се нажали затоа што Господ го порази Оза. И го нарече тоа место Озов пораз; така се нарекува и до ден денешен. |
| 12. | И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: "Како ке го внесам при себеси Ковчегот Божји?" |
| 13. | И не го пренесе Давид Ковчегот при себеси во Давидовиот град, туку го сврте кон куката на Гетецот Аведар. |
| 14. | И стоеше Ковчегот Божји кај Аведара во куката негова три месеци, и Господ го благослови Аведаровиот дом и се што имаше. |
| ← 1Chronicles (13/29) → |