← 1Chronicles (12/29) → |
1. | Еве ги оние кои исто така дојдоа при Давида во Сикелаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саула; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата, |
2. | вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браката Саулови, од Венијамина; |
3. | кнез беше Ахизер, по нека Јоас, синови на Сама од Гива; Јазиил и Фалит, синови Замотови; Варихија и Јуј од Анатот; |
4. | Самија од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Еремија, Језекил, Јоанан и Јозават од Гадара; |
5. | Елиозиј, Јеримут, Валија, Самарија, Сафатија од Аруфа; |
6. | Елкана, Јесија, Уелиил, Језар, и Јесвал, од Кореевците; |
7. | и Јоил и Завадија, синови на Јероама, од Гедор. |
8. | При Давида во крепоста, во пустињата дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни - лицата лавовски, брзи како елени в гора. |
9. | Главен беше Азер, втор Авдија, трет - Алијад. |
10. | четврти Масман, петти - Јеремија, |
11. | шести - Јетија, седми - Елиил, |
12. | осми Јоанан, деветти - Елзавал, |
13. | десетти - Јеремија, единаесетти - Махавенај. |
14. | Тие, синовите Гадови, беа војводи во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над иљада. |
15. | Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и запад. |
16. | Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината при Давида. |
17. | Давид излезе да ги пресретне и им рече: "Ако сте дошле со мир при мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доа ате, за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди." |
18. | И дух го опфати Амасија, водачот на триесеттемина, и тој рече: "Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага." Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската. |
19. | И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давида, кога војуваше со Филистејците против Саула. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите Филистејски, откако се посоветуваа, го испратија велејки: "За наше зло, тој ке побегне при својот господар Саула." |
20. | Кога се вракаше Давид во Сикелаг, прибегнаа кон него племињата Манасиеви: Еднај, Јозавад, Михаил, Јосафат, Једиил, Елиу, Салатиј, иљадници кај Манасиевите. |
21. | Тие му помагаа на Давида против четите на Гедур, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската. |
22. | Така секој ден придоа аа кај Давида на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја. |
23. | Еве го бројот на кнезовите во војската, што дојдоа при Давида во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово; |
24. | Јудини синови, што носеа штит и копје, имаше подготвени за војна шест иљади и осумстотини; |
25. | од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум иљади и сто; |
26. | од синовите Левиеви - четири иљади и шестотини; |
27. | дојде и Јодај, кнез од Ароновиот род, и со него три иљади и седумстотини; |
28. | и Садок, храбар јунак, и родот негов - дваесет и двајца кнезови; |
29. | од синовите Венијаминови, браката Саулови, дојдоа три иљади; но уште многумина од нив му веа верни на Сауловиот дом; |
30. | од синовите Ефремови - дваесет иљади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои; |
31. | од полуплемето Манасиево - осумнаесет иљади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давида; |
32. | од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израилот; тие беа двесте кнезови, и сите брака нивни одеа по зборовите нивни; |
33. | од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет иљади, во строј, еднодушни; |
34. | од племето Нефталимово - иљада војводи и со нив триесет и седум иљади со штитови и копја; |
35. | од племето Даново - дваесет и осум иљади и шестотини, спремни за војна; |
36. | од Асира - четириесет иљади војници, подготвени за борба; |
37. | од онаа страна на Јордан, од племето Рувимово и Гадово и од полуплемето Манасиево, сто и дваесет иљади, со секакво воено оружје. |
38. | Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со полно срце во Хеврон, за да го зацарат Давида над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давида. |
39. | И останаа таму при Давида три дена, јадеа и пиеја, зашто браката им беа подготвиле се за нив; |
40. | па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на осли, камили, маски и волови се за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и елеј, како и многу ситен и крупен добиток, бидејки радоста беше голема за Израилот. |
← 1Chronicles (12/29) → |