← 1Chronicles (11/29) → |
1. | Се собраа сите Израилци при Давида во Хеврон и рекоа: "Еве, ние сме коска твоја и плот твоја; |
2. | и вчера и завчера, кога Саул беше уште цар, ти го изведуваше и го воведуваше Израилот: и Господ, Бог твој, ти рече: ‘Ти ке го пасеш Мојот народ Израилот и ти ке бидеш водач на Израилот, Мојот народ.‘" |
3. | Тогаш сите старешини Израилеви дојдоа при царот во Хеврон, и Давид склучи со нив завет во Хеврон пред лицето Господово, и тие го помазаа Давида за цар над Израилот, според словото Господово преку Самуила. |
4. | И тргна Давид и сиот Израил за Ерусалим, односно за Јевус. А таму беа Јевусејците, жители на таа земја. |
5. | Жителите на Јевус му рекоа на Давида: "Нема да влезеш тука." Но Давид ја презеде тврдината Сион: тоа е градот Давидов. |
6. | И рече Давид: "Кој од сите вас најнапред ке ги победи Јевусејците, ке стане кнез и војвода." Најнапред од сите излезе Јоав, Саруевиот син, и стана кнез. |
7. | Давид живееше во таа тврдина, и затоа ја нерекуваа Давидов град. |
8. | Тој изгради sидови околу градот, почнувајки од Милон па се наоколу; Јоав, пак, ги обнови другите делови на градот. |
9. | Давид напредуваше и се воздигаше се повеке и повеке, и Господ Саваот беше со него. |
10. | Еве ги поглавните Давидови јунаци, кои се бореа храбро со него во царството негово, заедно со сиот Израил, за да го зацарат над Израилот според словото Господово. |
11. | Еве го и бројот на јунаците што беа при Давида: Јесвал, син Ахаманиев, прв од триесеттемина: тој го извелче мечот свој против триста души и наеднаш ги порази. |
12. | По него Елеазар, синот на Ахохиецот Додо - еден од тројцата јунаци: |
13. | Тој беше со Давида во Фаседомин, каде што Филистејците се беа собрале за војна. Таму еден дел од полето беше посеано со јачмен, и народот избега од Филистејците; |
14. | но тие се запреа среде полето, ги забележаа и ги поразија Филистејците. И Господ даде големо спасение на Своите лу е. |
15. | Тие тројцата главни од триесеттемина водачи се качија на карпата при Давида во пештерата Одолам, а, пак, филистејскиот логор беше сместен во Рефаимската долина. |
16. | Давид во тоа време беше во утврдено место, а стражата филистејска беше во Витлеем. |
17. | Давид ожедне и рече: "Кој ке ми донесе да пијам вода од Витлеемскиот извор, што е при портите?" |
18. | Тогаш тие тројца се провреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од Витлеемскиот извор, што е при портите, та му донесоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја излеа во слава на Господа. |
19. | и рече: "Да ме чува Господ, тоа да го направам! Зар ке ја пијам крвта на оние мажи, што ги изложија душите свои! Зашто со опасност по животот свој тие ја донесоа водата." - И не сакаше да ја пие. Еве што извршија тие тројца јунаци. |
20. | И Авеса, братот Јоавов, беше главен ме у тројцата: тој уби со мечот свој триста души и се прослави ме у тие тројца. |
21. | Од тројцата тој беше највиден и беше водач, но на тие тројца не им беше рамен. |
22. | Ванеја, синот на храбриот маж Јодај, голем по делата, родум од Кавасаил, ги уби двајцата синови на Ариила Моавски; тој истиот слезе и уби лав во еден ров по снежно време; |
23. | пак тој уби еден Египтјанец, кои беше пет лакти висок: Египтјанецот имаше во раката копје колу едно ткаечко кросно, а тој пристапи кон него со стап и, откако му го изби копјето од раката на Египтјаницот, го уби со неговото копје. |
24. | Тоа токму го изврши Јодаевиот син Ванеја, и беше славен ме у тие тројца јунаци; |
25. | тој беше повиден од триесеттемина, но на оние тројцата не им беше рамен, и Давид го постави за најблизок исполнител на своите заповеди. |
26. | А главни од борците беа: Асаил, брат на Јоава; Елеанан, син на Додо, од Витлеем; |
27. | Самот Адитијанин, Хелки Афелонин; |
28. | Ореј, син на Кис Текуитски; Авиезер Анатотски; |
29. | Совохај Асотиски; Илиј Ахојски; |
30. | Воорај Нетофатец; Елад, син на Вајнак, Нетофатецот; |
31. | Итај, син Ривеинов, од Гава Венијаминова; Ванеја Фаратонијев; |
32. | Уриј од Неал; Галсавил од Аравеја; |
33. | Азмот Варсамијски; Елијав Саламијски; Ирас Гоиниски. |
34. | Синови на Гизонецот Хасема: Јонатан син на Сагти, Арариецот; |
35. | Ахијам, син Сахаров, Арариец: Зифаил, син на Орин; |
36. | Афер Мехуратински; Ахија Фелониски; |
37. | Асарај Мармелински; Ноорај, син Авдиев; |
38. | Јоил, брат Натанов; Мехар, син Тараиев; |
39. | Селик Амонец; Наареј Виродин, оружјеносец на Јоава, син Саруев; |
40. | Ира Јетериин; Гарив и Териин; |
41. | Урија Хетеецот; Вазат, син Олиев; |
42. | Адина, син на Саха, кнез на Рувимовците, и тој имаше триесет; |
43. | Анан, син на Мааха; Јосафат Татанин; |
44. | Озија Астарот; Сама и Јеил, синови на Хотан од Ароир; |
45. | Једил, син Самерин, и Јоза, негов брат Тосанец; |
46. | Јелиил од Маоин, и Арива и Осоја, синови Елијамови, Енам и Устем, Моавци; |
47. | Елиил, Овид и Јесиил од Месовија. |
← 1Chronicles (11/29) → |