Zephaniah (3/3)    

1. Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град!
2. Не слуша глас, не прифака поука, не се надева на Господа, не се приближува до Својот Бог.
3. Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови - вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска.
4. Пророците негови се лу е лесномислени, неверни; свештениците негови ја осквернуваат светињата, ги газат законите.
5. Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам.
6. Јас ги истребив народите - разрушени им се тврдините; ги опустив улиците нивни, така што никој не оди по нив; разорени се градовите нивни: нема ниту еден човек, нема жител.
7. Јас реков: "Бој се само од Мене, прими поука!" и нема да го постигне зло живеалиштето негово, какво што му бев определил; а тие грижливо се трудеа да ги расипат сите свои дела.
8. И така, чекајте Ме, вели Господ, до оној ден, кога ке се кренам на опустошување; зашто Јас одлучив да ги соберам народите, да ги свикам царствата, за да го излијам врз нив Моето негодување, сета јарост на Мојот гнев; зашто од огнот на јароста Моја ке биде уништена целата земја.
9. Тогаш Јас пак ке им дадам на чистите народи уста да го призовуваат името на Господа и да Му служат еднодушно.
10. Од краиштата отаде реката на Етиопија поклониците Мои - Моите растурени деца - ке Ми принесат дарови.
11. Во тој ден ти нема да се срамуваш за твоите неразумни постапки, со кои грешеше против Мене, оти тогаш Јас ке ги отстранам од твојата средина оние, кои залудо се фалеа со твојата слава, и нема повеке да се гордеат на Мојата света гора.
12. Но ке оставам среде тебе народ смирен и прост, и тие ке се надеваат на името Господово.
13. Остатоците од Израилот нема да вршат неправда, нема да зборуваат лага, и во устата нивна нема да се најде јазик сплеткарски, зашто сами ке си пасат и ке лежат, и никој нема да ги вознемирува.
14. Радувај се, керко Сионова, ликувај, Израиле, весели се и радувај се од се срце, керко ерусалимска:
15. Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Господ, Царот Израилев, е посреде тебе: нема повеке да видиш зло.
16. Во оној ден ке му речат на Ерусалим: "не бој се" и на Сион "да не заслабнат рацете твои."
17. Господ, твојот Бог, е посреде тебе. Он е силен да те спаси; ке се развесели за тебе со радост, ке биде милостив според љубовта Своја, ке се гордее за тебе со песни."
18. Оние што тагуваат за празнични торжества, Јас ке ги соберам; а тие се твои, врз нив лежи тежок укор.
19. Ете, Јас ке ги притеснам сите твои мачители во она време, ке го спасам она што е хромо, ке ги соберам расеаните и ке им дадам чест и слава по целата земја, каде што беа под срам.
20. Во она време ке ве доведам, во она време ке ве соберам вас, зашто ке ве направам прочуени и почитувани ме у сите народи на земјата, кога ке го вратам вашиот плен пред очите ваши, вели Господ.

  Zephaniah (3/3)