Zechariah (9/14)  

1. Пророчкото слово на Господа е против земјата Хадрах, и во Дамаск ке се задржи, зашто окото Господово ги набљудува сите лу е, како и сите колена Израилеви;
2. тоа е и врз Емат, кој се граничи со него, и е врз Тир и Сидон, оти тие станале многу лукави.
3. Тир изградил тврдина, натрупал сребро како прашина, и злато како улична кал.
4. И, ете, Господ ке го направи беден и ке му ја скрши силата негова во морето, а и самиот ке биде истребен со оган.
5. Тоа ке го види Аскалон, и ке се уплаши, а и Газа - па и таа ке затрепери многу, и Екрон, оти ке се засрами надежта негова: нема да има цар во Газа, и Аскалон нема да се насели.
6. Ту о племе ке живее во Азот, и Јас ке ја уништам гордоста на Филистејците.
7. Kе ја извлечам крвта од устата нивна, нечистотијата од забите нивни и тие ке паднат пред нашиот Бог и ке бидат како иљаданачалници во Јудеја, а Екрон ке биде како Јевусеј.
8. Kе поставам стража околу Мојот дом спроти војската, спроти оние, кои преминуваат натаму и наваму, и нема повеке да доа а непријател; оти сега Јас ке го гледам со очите Свои.
9. Ликувај од радост, керко Сионова, извикувај, керко ерусалимска; ете, Царот твој доа а при тебе, праведен е и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата.
10. Тогаш ке ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ке се скрши убојниот лак; и Он ке објави мир на народите, и царството Негово ке се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата.
11. А што се однесува до тебе, Израиле, заради крвта на заветот Јас ги пуштив затворените од ровот, каде што нема вода.
12. Вракајте се во тврдината вие затворените, кои се надевате! А сега што ке воспоставам, ке ти дадам двојно.
13. Зашто како лак ке го затегнам Јуда и лакот ке го наполнам со Ефрема, па ке ги подигнам синовите твои, Сионе, против синовите твои, Еладо и тебе ке те направам како меч јуначки.
14. Kе се појави над нив Господ и како молскавица ке излета стрелата Негова; ке загрми Господ Бог со трубата и ке појде кон јужните бури со гласот на гневот Свој.
15. Господ Саваот ке ги брани, и тие ке истребуваат и ке ги газат дури и камењата за праки; ке пијат крв како вино; и ке се наполнат како жртвени чаши, како аглите на жртвеникот.
16. И ке ги спаси нивниот Господ Бог во оној ден, како стадо од Својот народ; оти тие ке заблескаат како камења на круна во земјата Негова.
17. О, колку голема ке биде добротата негова и каква ке биде убавината негова. Житото ке ги весели момците, и виното девојките.

  Zechariah (9/14)