Zechariah (8/14)  

1. И пак дојде слово од Господа Саваота:
2. вака вели Господ Саваот: "Ревнував за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев ревнував за него".
3. Така вели Господ: "Kе се обрнам кон Сион и ке живеам во Ерусалим, и Ерусалим ке се вика град на вистината, и гората на Господа Саваота ке се вика - Света Гора".
4. Така вели Господ Саваот - "И пак старци и старички ке седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради напреднатата возраст своја.
5. А и улиците на тој град ке се исполнат со момчиња и девојки, кои ке си играат по улиците негови".
6. Вака вели Господ Саваот: "Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ке биде тоа чудно и во очите Мои?" - вели Господ Саваот.
7. Вака вели Господ Саваот: "Ете, Јас ке го спасам Својот народ од источната страна и од западната;
8. ке ги доведам, и тие ке живеат во Ерусалим и ке бидат Мој народ, и Јас ке им бидам нивни Бог, во вистина и во правда".
9. Така вели Господ Саваот: "Поткрепете ги сега рацете свои вие, што ги слушате овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господа Саваота, за да се изгради храмот.
10. Оти пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доа аше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек.
11. А сега за остатокот од овој народ Јас не сум веке таков како во поранешните денови" - вели Господ Саваот.
12. Зашто селидбата ке се врши во мир, лозата ке го даде својот плод, замјата ке го даде својот род, а и небесата ке ја даваат својата роса; и сето тоа ке го предадам на остатокот од овој народ.
13. И како што вие, доме Јудин и доме Израилев, бевте проколнати ме у народите, така ке ве избавам, и вие ке бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат!"
14. Оти така вели Господ Саваот: "Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме прогневуваа - вели Господ Саваот - и не зажалив,
15. така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не бојте се!
16. Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете при портите ваши.
17. Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и на посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам - говори Господ Севишниот.
18. И би слово до мене од Господа Саваота:
19. Вака вели Господ Саваот: "Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ке бидат радост и голема веселба, сакајте ги вистината и мирот".
20. Така вели Господ Саваот: "Уште ке доа аат народи и жители од многу градови,
21. и ке дојдат жителите од еден град при жителите во друг град, - па ке речат: да дојдеме да се помолиме пред лицето на Господа и да Го побараме Господа Саваота; тогаш секој ке рече - ке појдам и јас.
22. И ке доа аат многу племиња и народи силни, за да го бараат Господа Саваота во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господа.
23. Така вели Господ Саваот: "Во тие дни ке се факаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ке речат - ке појдеме со тебе, оти чувме дека Бог е со вас".

  Zechariah (8/14)