Zechariah (6/14)  

1. Пак ги подигнав очите свои и гледам: а таму, ете, излегуваат четири коли со коњи од еден дол ме у две планини, а тие планини беа од бакар.
2. Кај првата кола коњите беа црвеникави, кај втората црни;
3. кај третата кола коњите беа бели, а кај четвртата кола - сиви и силни.
4. Проговорив и му реков на ангелот, што зборуваше со мене: "А што значи ова, господине мој?"
5. Ангелот одговори и ми рече: тоа се четирите небесни духа, кои излегуваат да се претстават пред Господа над целата земја.
6. Враните коњи излегуваа кон северната страна, а белите одеа по нив, додека сивите коњи одеа кон јужната страна.
7. Излегоа и силните, па се впуштија да ја обиколат земјата; и он им рече: ‘обиколете ја земјата, и тие ја обиколија.
8. Тогаш тој ме повика и ми рече: ете, оние што отидоа кон северната страна, го успокоија духот Мој против северната страна.
9. И пак би слово Господово до мене:
10. земи од дојдените робја, од Халдеја, од Товија и од Једаја, и тргни истиот ден, па дојди во домот на Јосија, синот Софониев, каде што тие пристигнаа од Вавилон.
11. Земи од нив сребро и злато, па направи венци, и стави ги на главата на Исуса, синот Јоседеков, големиот архиереј,
12. и речи им: вака вели Господ Саваот: "Ете, маж, името Негово е Зачетник, "Он ке израсне од коренот свој и ке создаде храм Господен.
13. Он ке создаде храм Господен и ке се прослави, ке седне на престолот свој и ке биде владетел, ке биде и свештеник на престолот свој, и ке има согласност за мир ме у едниот и другиот.
14. А венци ке бидат за Хелема и Товија, за Једаја и Хена, синот Софониев, како спомен во храмот Господен.
15. И оддалеку ке дојдат лу е, што ке учествуваат во градењето, на храмот, и вие тогаш ке разберете, дека Господ Саваот ме испрати при вас, и сето тоа ке се изврши, ако искрено го послушате гласот на вашиот Господ Бог.

  Zechariah (6/14)