Zechariah (4/14)  

1. И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.
2. Па ми рече: што гледаш? Одговорив: еве, гледам свекник цел од злато и чашка за елеј врз него, а и седум кандилца на него и по седум чашенца за кандилцата, при врвот.
3. И две маслинки на него - една десно од чашката, а друга лево од неа.
4. Одговорив и му рекова на анеглот, кој говореше со мене - што претставува ова, господине?
5. И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: ‘зар не знаеш што е тоа? Му реков ‘не знам, господине мој.
6. Тогаш одговори и ми рече: ‘тоа е словото Господово кон Зоровавела, што кажува - не со војска не со сила, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.
7. Која си ти, планино голема, пред Зоровавела: Та ти си рамнина и он ке го изнесе каменот темелник во восклик: "благодат, благодат врз него!"
8. И би слово Господово до мене:
9. рацете на Зоровавела ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ке го завршат, и ти тогаш ке рабереш дека Господ Саваот ме прати при вас.
10. Оти, кој може да го омаловажи тој ден, кога радосно ке ја гледаат sидарската висулка во рацете на Зоровавела оние седум, а тоа се очите на Господа, што со поглед ја опфакаат целата земја?
11. Потоа одговорив и му реков: што значат оние две маслинки од десната и од левата страна на свекникот?
12. И пак почнав да му зборувам и му реков - што треба да означуваат оние две маслинени гранчиња, што се нао аат ме у двете златни цевчиња, кои од себе долеваат масло?
13. А тој ми рече: ‘зар не ти е познато што е тоа? Му одговорив: ‘не знам, господине мој.
14. Тогаш тој ми рече: ‘па тоа се двајцата помазаници со елеј, кои стојат пред Господа над целата земја.

  Zechariah (4/14)