Zechariah (2/14)  

1. И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
2. Го прашав каде ке одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.
3. Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет,
4. и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек - Ерусалим ке се насели по селата поради многуте лу е и добиток во него.
5. И Јас ке му бидам огнен sид, околу него, вели Господ, и ке се прославам во него.
6. Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ке ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ.
7. Спасувај се Сионе, ти што живееш при керката Вавилонова.
8. Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: зашто кој ке се допре до вас, ке се допре до зеницата на окото Мое.
9. И, ете, Јас ке ја кренам раката Своја против нив, и тие ке станат плен на слугите свои." Тогаш ке познаете дека Господ Саваот ме пратил.
10. "Ликувај и весели се, керко Сионова, зашто ете, Јас ке дојдам и ке се населам во тебе", вели Господ.
11. И ке се приберат многу народи при Господа во оној ден и ке станат Негов народ. И Он ке се насели ме у тебе, и тогаш ке разбереш дека Господ Саваот ме пратил при тебе.
12. Тогаш Господ ке го земе во владение Јуда, Својот дел на светата земја, и пак ке го избере Ерусалим.
13. Нека молчи секоја плот пред лицето на Господа, зашто Он стана во облаците од Своето свето живеалиште.

  Zechariah (2/14)