Zechariah (14/14)    

1. Ете, настапува денот Господен кога ке го разделат ограбеното од тебе пред тебе.
2. Kе ги соберам сите народи во војна против Ерусалим; градот ке биде преземен, и домовите разгребени; жените ке бидат обесчестени, половината од градот ке отиде во ропство; но останатиот народ нема да биде истребен од градот.
3. Тогаш ке излезе Господ и ке се сврти против тие народи, како што војуваше во борбен ден.
4. И ке застанат нозете Негови на Елеонската Гора во оној ден, што се нао а спроти Ерусалим од источната страна: и ке се расцепи Елеонската Гора од исток кон запад со многу голема долина и половината ке појде кон север, а втората половина кон југ.
5. И вие ке побегнете во долината на Моите гори, оти планинската долина ке се протега до Асил; а ке побегнете како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот Јудејски; и ке дојде Господ, мојот Бог, и сите светии со Него.
6. Во тој ден нема да има светила, светилата ке бидат премавнати.
7. Тој ден ке биде единствен, познат само на Господа; ниту ден, ниту нок - само приквечер ке се појави светлина.
8. Во тој ден ке потечат живи води од Ерусалим, половина кон источното море, а половина кон западното море; така ке биде и лете и зиме.
9. И Господ ке биде Цар над целата земја; во тој ден Господ ке биде единствен и името Негово - едно единствено.
10. Целата таа земја ке биде како рамнината од Гаваон до Ремон, јужно од Ерусалим, кој се извисил на местото свое и кој ке се насели од портите Венијаминови до местото на првите порти, до Агловите порти, и од кулата на Ананеила до царските визби.
11. И ке се населат во него, и проклетство нема да има повеке, а Ерусалим ке се нао а во безопасност.
12. И ете какво ке биде поразувањето, со кое Господ ке ги порази сите народи, кои војувале против Ерусалим - телото на секого од нив ке се исуши уште додека стои на нозете свои, и очите ке му се стопат во длабнатините, и јазикот ке му се исуши во устата негова.
13. И во тој ден ке завладее голем смут од Господа, така што еден друг ке се факаат за раката своја и секој ке ја подига раката своја против раката на ближниот свој.
14. Но и Јуда самиот ке војува против Ерусалим, и богатството на сите околни народи ке биде собрано: злато, сребро и облеки во голем број.
15. Таков пораз ке има и врз коњите и маските, камилите и ослите, и врз секаков добиток, што ке се нао а во куките нивни.
16. А потоа сите други што доа аат во Ерусалим, од сите народи, ке доа аат од година во година, за да се поклонат на Царот, на Господа Саваот, и да го празнуваат празникот Сеници.
17. И, ако некое од племињата земни не појде во Ерусалим, за да Му се поклони на Царот, на Господа Саваот, дожд нема да падне при нив.
18. И, ако племето египетско не тргне на пат и не дојде тука, и тоа нема да добие дожд, па ке го постигне пораз, со каков ги порази Господ оние народи, што не доа але да го празнуваат празникот Сеници.
19. Ете што ке стане за гревот на Египет и за гревот на сите народи, кои нема да дојдат да го празнуваат празникот Сеници.
20. Во тоа време дури на уздите од коњите ке биде забележано "светиња на Господа", и котлите во домот Господен ке бидат како жртвените садови пред жртвеникот.
21. И сите котли во Ерусалим и во Јудеја ке бидат светиња на Господа Саваот, и ке доа аат сите што принесуваат жртва, ке ги земат и ке варат во нив, и нема повеке да има ниту еден Хананеец во домот на Господа Саваот во тој ден.

  Zechariah (14/14)