Zechariah (11/14)  

1. Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои.
2. Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот, оти и великаните се опустошени; ридајте, дабови васански, бидејки е провалена непроодната гора.
3. Се слуша гласот од плачењето на паситрите, бидејки е опустошено нивното велелепие; се слуша риакњето на лавовите, оти е опустошена убавината на Јордан.
4. Така вели Господ Бог, мојот Бог: паси ги овците, определени за клање,
5. кои купувачите, без пречка ке ги колат, а продавачите ке им велат: "нека е благословен Господ; се збогативме!" И паситрите нивни не ке ги жалат.
6. Зашто Јас веке нема да им проштевам на жителите од земјата, вели Господ; ете, ке ги предадам лу ето, секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ке ја поразуваат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни.
7. И ке ги пасам овците во земјата Хананска, определени за клање, овци навистина бедни. И ке земам два стапа, едниот ке го наречам - благоволение, а другиот - вериги; со нив ке ги пасам овците.
8. И ке истребам тројца од пастирите во еден месец и ке се одврати душата Моја од нив, оти и нивната душа ке се одврака од Мене.
9. Тогаш ке речам: нема да ве пасам; онаа што умира, нема умре, и која загинува, нека загине; и тие, пак, што ке останат нека се изедат една со друга.
10. И така ке го земам стапот Свој благоволение и ке го прекршам, за да го уништам заветот што го склучив со сите народи.
11. И тој ке биде уништен во оној ден, и тогаш ке разберат бедните овци, кои Ме очекуваат, дека ова е слово од Господа.
12. И ке им речам: ако ви е угодно, дајте Ми ја наградата Моја; ако, пак не - не давајте Ми ја; и тие Ми одредија плата триесет сребреници.
13. А Господ ми рече: стави ги во црковната каса - тоа е висока цена, со која ме оценија. И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Господен за грнчарот.
14. Го скршив и Својот друг стап - вериги, за да го раскинам братството ме у Јуда и Израилот.
15. И ми рече Господ: земи си уште нешто од опремата пастирска.
16. Оти, ете, Јас ке поставам пастир на оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ке го јаде, копитата, пак, ке им ги откинува.
17. Тешко му на овој мрзлив пастир, што го остава стадото! Меч ке му стои над раката негова и над неговото десно око! Раката наполно ке му се исуши, и десното око негово наполно ке потемнее.

  Zechariah (11/14)