Zechariah (10/14)  

1. Молете Го Господа за дожд во време благопријатно; Господ ке светне со молскавица и ке ви даде обилен дожд - зеленило во поле.
2. Зашто лажните гледачи зборуваат празни зборови, и вражачите гледаат лажливи работи и прикажуваат лажни соништа; тие утешуваат со празни зборови; затоа талкаат како овци, талкаат оти немаат пастир.
3. Против пастирите се распали гневот Мој, и јагнињата ке ги пречекам; оти Господ Саваот ке го посети стадото Свое, домот Јудин, и ке го подготви како силен коњ за бој.
4. Од него ке направи аголен камен, од него - клин, од него лак за бој, од него ке излезат сите управници на народот.
5. И тие ке бидат како јунаци што ги газат непријателите како улична кал, и ке се борат, бидејки Господ е со нив, и ке ги посрамат јавачите на коњи.
6. Kе го зацврстам домот Јудин и ке го спасам домот Јосифов, и ке ги вратам, оти Јас се смилив над нив, и тие ке бидат како да не сум ги оставил: зашто Јас сум нивниот Господ Бог, и ке ги чујам.
7. Како јунак ке биде Ефрем; ке се развесели срцето нивно како вино да пиеле, па ке го видат тоа синовите нивни и ке им се зарадува срцето нивно; во восхит ке им биде тогаш срцето нивно во Господа.
8. Kе дадам знак и ке ги соберам, оти ги откупив; ке бидат многубројни како и порано;
9. ке ги раселам ме у народите, но во далечни земји тие ке се секаваат на мене и ке живеат со децата свои, и ке се вратат.
10. Kе ги вратам од земјата Египетска и од Асирија ке ги соберам; ке ги доведам во земјата Галад и на Ливан, и не ке има доволно место за нив.
11. Kе преминат по морето и ке ги поразат морските бранови; ке пресушат сита длабини на реката, и ке се смири гордоста на Асура, и скиптариот ке биде одземен од Египет.
12. Kе ги зацврстам во Господа, и тие ке одат во името Негово, вели Господ.

  Zechariah (10/14)