Zechariah (1/14)  

1. На осмиот ден, во втората година на Дарија, би слово Господово до пророкот Захарија, синот Варахиев, син Адов, велејки:
2. "Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев;
3. затоа кажи им - "вака вели Господ Саваот - "обрнете се кон Мене," - вели Господ Саваот - "и јас ке се обрнам кон вас.
4. Не бидете како што беа татковците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејки им - "вака вели Господ Саваот - , одвратете се од лошите работи свои!" Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене", вели Господ.
5. Каде се татковците ваши, па и пророците можат ли да живеат вечно?
6. Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа татковците ваши? И тие се обракаа и велеа: како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според патиштата наши, и според делата наши, така и постапи."
7. На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец - а тоа е месецот Шеват - во втората година на Дарија, би слово Господово до пророкот Захариј, синот Варахиев, син Адов:
8. Во текот на ноката видов - ете, еден маж на црвен коњ стои ме у мирти, што беа во долот, а зад него црвени, сиви и бели коњи,
9. па му реков - кои се овие, господине мој? А ангелот, кој зборуваше со мене, ми рече: ‘јас ке ти покажам кои се тие.
10. И одговори мажот што стоеше ме у миртите, и рече - ‘тоа се оние кои Господ ги испратил да ја обиколуваат земјата.‘
11. Тогаш тие му одговорија на ангелот Господен, кој стоеше ме у миртите, па му рекоа - ‘ете, ја обиколивме целата населена земја и таа е спокојна.‘
12. Им одговори ангелот Господен и им рече: "Господи Седржителу, до кога нема да се смилуваш над Ерусалим и над градовите Јудини, на кои се гневиш, еве, веке седумдесет години?"
13. Тогаш во одговори на ангелот Господен, изрече Господ слова добри, слова утешни.
14. И им рече ангелот, кој зборуваше со мене: - извести и кажи - вака вели Господ Саваот - ‘ревнувам за Ерусалим и за Сион многу;
15. и негодувам со големо негодување против народите што живеат во спокој, оти Јас малку се разгневив, тие го засилаја злото."
16. Затоа вака вели Господ: ‘Јас се обрнувам кон Ерусалим со милосрдност; во него ке се изгради Мојот дом, вели Господ Саваот, и земномерно јаже ке се протегне низ Ерусалим.
17. Извести го уште и за ова, и кажи - вака вели Господ Саваот: ‘Моите градови одново ке се исполнат со богатства, и Господ ке го утеши Сион и пак ке го избере Ерусалим.
18. Ги подигнав очите, а тоа, ете, четири рога.
19. И му реков на Ангелот, кој зборуваше со мене: што е ова? А тој ми одговори: ‘тоа се роговите што ги распрснаа Јуда, Израилот и Ерусалим.
20. Потоа Господ ми покажа четири дрводелци.
21. Пак реков: што ке прават овие? А тој ми рече: оние рогови се што го распрснаа Јуда, така што никој од нив не може да си ја подигне главата; и, ете, тие дојдоа да ги уплашат, да им ги скршат роговите на народите, кои подигнаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат.

      Zechariah (1/14)