Titus (2/3)  

1. А ти говори за она што се совпаѓа со здравата наука.
2. Постарите мажи да бидат трезвени, сериозни, разумни, здрави во верата, во љубовта и во трпението.
3. Исто така, постарите жени да се однесуваат достојно, да не клеветат и да не се оддаваат на многу вино, туку да бидат учителки за доброто,
4. за да ги учат младите жени да ги љубат своите мажи и своите деца,
5. да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, љубезни и покорни на своите мажи, за да не се хули Божјото слово.
6. Исто така, опоменувај ги и младите да бидат разумни.
7. Bо сè покажи се како пример за добри дела, во чистота на учењето, сериозност,
8. со здрав и беспрекорен говор, за да се засрами секој противник, немајќи што да каже лошо за нас.
9. Робовите нека им се покоруваат во сè на своите господари, да настојуваат да им угодуваат, да не им противречат
10. и да не поткрадуваат, туку да ја покажат својата добра вера, та да го украсуваат во секој поглед учењето на Бог нашиот Спасител.
11. Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе,
12. која нè поучува да се откажеме од безбожноста и од световни похоти; да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век,
13. очекувајќи ја блажената надеж и јавувањето на славата на нашиот велик Бог и Спасител, Исус Христос,
14. Кој се даде Себеси за нас, за да нè избави од секакво беззаконие и да си исчисти за Себе сопствен народ, ревносен за добри дела.
15. Зборувај го ова, и опоменувај, и укорувај со целосна власт. Никој да не те презира!

  Titus (2/3)