SongOfSongs (8/8)    

1. О, да ми беше брат мој, да беше хранет од градите на мајка ми! Тогаш, кога ке те сретнев на улица, ке сакав да те бакнам, и немаше да ме осудуваат.
2. Би сакала да те поведам, сакав да те воведам во одајата на мајка ми, во онаа каде што ме одгледала. Ти ке ме учеше, а јас, пак, ке те поев со ароматно вино, со сок од моите калинки.
3. Левата рака негова е под главата моја, а со десната ме прегрнува.
4. Возљубениот: Ве заколнувам, керки ерусалимски, зошто да ја разбудувате и зошто да ја вознемирувате возљубената, се додека сама не посака?!
5. Хорот: Која е таа, што доа а од пустињата, потпирајки се на својот возљубен? Возљубениот: Те разбудив јас под јаболкницата: таму те родила мајка ти твоја, таму те добила твојата родителка.
6. положи ме како печат на срцето свое, како печат на мишката своја, зашто љубовта е силна како смрт; љубомората - лута како пекол; стрелите нејзини се стрели огнени; огнен жар на нејзиниот пламен.
7. Големата вода не може да ја угасне љубовта, и реки нема да ја потопат. Ако некој го дадеше сето богатство на својот дом за љубов, тој би бил отфрлен со презир.
8. Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ке правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови?
9. Да беше карпа, ке изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ке ја обложевме со кедрови штици.
10. Возљубената: Јас сум карпа и имам гради како кула; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир.
11. Хорот: Соломон имаше лозје во Ваал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодоивте негови иљада сребреници.
12. Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Иљадата нека се за тебе, Соломоне, а двесте - за чуварите на плодовите негови.
13. Возљубениот: Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам.
14. Возљубената: Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!

  SongOfSongs (8/8)