SongOfSongs (7/8)  

1. Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, керко знаменита! Облите колкови твое се како веришки, дело од рацете на вешт уметник,
2. папкот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја - купа пченица, опкружена со кринови;
3. двете твои гради - како две јаренца, како близначиња на срна;
4. Вратот твој - како столб од слонова коска; очите твои - Есевонски езерца кај Ватравимските порти; носот твој - Ливанска кула, свртена кон Дамаск;
5. главата твоја на тебе - како Кармил; а косата на главата твоја - како пурпур; цар се вплел во плетенките.
6. Возљубениот: О, колку си убава, о, колку заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
7. Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради - на гроздови.
8. Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твоите гради би биле место гроздови, и мирисот од твоите ноздри - како мирис на јаболко;
9. устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон возљубениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат.
10. Јас припа ам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
11. Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да пренокеваме по селата;
12. утре рано ке појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калинките; таму ке те опсипам со милувања.
13. Мандрагорите веке шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!

  SongOfSongs (7/8)