SongOfSongs (4/8)  

1. Возљубениот: О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулабови под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од Галадската гора;
2. забите твои - како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна;
3. усните твои - како алова панделка, а устата твоја слаткоречива; твоите јаготки под превезот твој се како половинки од калинка;
4. вратот ти е - како Давидовата кула, изградена за оружје: на неа висат иљадници штитови - се штитови на јунаци;
5. двете твои гради се како близначиња од млада срна, кои пасат ме у кринови.
6. Додека денот на залади, и не одминат сенките, ке одам на смирновата гора и на темјановиот рид.
7. Цела си убава, мила моја, и дамка нема на тебе!
8. Слези со мене од Ливан, невесто, слези и дојди од Ливан, од врвот на Аман, од врвот на Сенир и Аермон, од лавовските пештери, од леопардовите гори!
9. Ти го освои срцето мое, сестричке невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со веришката на вратот свој.
10. О, колку е слатка љубовта твоја сестричке невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми.
11. Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис ливански!
12. Затворена градина е мојата сестричка невеста, извор затворен, кладенец запечатен;
13. твојот насад е градина од дрвја во вкусен плодови, кипар и нард,
14. нард и шафран, трска и цимет со секакви пријатно - мирисни дрвја, смирна и алој со најубави ароми,
15. ти си градински извор, кладенец од жива вода, што истечува од Ливан.
16. Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови свои.

  SongOfSongs (4/8)