SongOfSongs (1/8)  

1. Соломоновата Песна над песните
2. Возљубената: Да, сакам да ме целиваш со бакнежи на устата своја! Зашто твоите милувања се подобри од виното.
3. Од пријатниот мирис на твоите масла името ти е како разлеано миро; затоа те сакаат момите.
4. Поведи ме, да побрзаме; царот ме воведува во одаите свои, - ке се восхитуваме и ке се радуваме со тебе, ке ги фалиме твоите милувања повеке од вино. Навистина те сакаат!
5. Kерки ерусалимски, црна сум но сепак сум убава како шаторите кидарски, како Соломонови завеси.
6. Не гладајте ме оти сум црномурна, зашто сонцето ме подгорело: мајчините синови и се налутија, ме поставија да ги чувам лозјата - но своето сопствено лозје не го зачував.
7. Кажи ми ти, кого го сака душата моја: каде го пасеш стадото, каде пладнуваш? Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?
8. Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава ме у жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
9. Возљубениот: Ти си ми, драга моја, како кобилка во фараонова двоколка.
10. Прекрасни се твоите образи под обетките, вратот твој - со ерданите;
11. Kе ти направам златни обетки со сребрени топчиња.
12. Возљубената: Додека царот беше крај трпезата, народот мој го испушташе својот пријатен мирис.
13. Смирнова китка е мојот возљубен: стои ме у градите мои.
14. Мојот возљубен ми е како кипарисов грозд во Енгедските лозја.
15. Возљубениот: О, убава си, мила моја, убава си! Имаш очи гулабови.
16. Возљубената: О, убав си, мил мој, прекрасен си! И постелата наша се зеленее.
17. Возљубениот: Покривите на куките ни се кедри, штиците наши - кипариси.

      SongOfSongs (1/8)