Ruth (3/4)  

1. И и рече Ноемина, свекрвата нејзина: "Kерко, нели бива да живееш подобро!
2. Ете, Воз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа нок тој го вее јачменот на гумното;
3. затоа изми се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај, додека заврши со јадењето и пиењето;
4. а кога ке легна да спие, дознај го местото, каде ке легне; тогаш оди, откри го откај нозете негови и легни; тој ке ти каже што да правиш."
5. Рут и рече: "Kе направам се што ми кажа."
6. И отиде на гумното и направи се онака, како што и порача свекрвата нејзина.
7. Воз се најаде и се напи, и го развесели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри од кај незоте негови и легна.
8. На полнок тој се тргна, се обsрна, а тоа при нозете негови лежи жена.
9. И и рече Воз: "Која си ти?" Таа одговори: "Јас сум Рут, твоја робинка, рашири го крилото свое над својата робинка, зашто си ми роднина."
10. Воз и рече: "Благословена да си од Господа, керко! Таа своја поледна милост ти ја изврши подобро од првата, кога не отиде да бараш момци, бедни или богати;
11. затоа не плаши се, керко! Јас ке направам за тебе се, што кажа ти; оти при секоја порта кај мојот народ знаат, дека ти се чесна жена;
12. иако е точно, дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене;
13. нокевај таа нок; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ке те земам; жив е Господ! Спи до утре!"
14. И преспа таа при нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаа еден со друг, зашто Воз рече да не се знае дека доа ала жена на гумното.
15. И и рече: "Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја." Таа ја држеше, и тој и измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.
16. А Рут дојде кај свекрва и. Таа ја запраша: "Што направи, керко?" Таа и раскажа се, што беше направил оној човек за неа.
17. Таа рече: "Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: "Не оди со празни раце при свекрвата своја!"
18. Таа и рече: "Почекај, керко, додека да дознаеше, како ке се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои, додека не ја сврши денас таа работа."

  Ruth (3/4)