Romans (16/16)    

1. Bи ја препорачувам нашата сестра Виба, која е на служба во црквата во Кенхреа:
2. да ја примите во Господ, како што им прилега на светии, и помогнете и во сè што ќе има потреба од вас; зашто и таа им помагаше на мнозина, а и мене самиот.
3. Поздравете ги Прискила и Акила, моите соработници во Христос Исус,
4. кои ги ризикуваа своите глави за мојот живот и на кои не им благодарам само јас, туку и сите цркви на неевреите.
5. Поздравете ја и црквата во нивниот дом. Поздравете го мојот мил Епенет, кој е првиот обратеник на Азија во Христос!
6. Поздравете ја Марија, која многу се трудеше за вас!
7. Поздравете ги Андроник и Јуниј, моите сонародници и другари во заточеништвото; кои имаат углед меѓу апостолите и кои поверуваа во Христос пред мене.
8. Поздравете го Амплиат, мојот мил во Господ!
9. Поздравете ги Урбан, нашиот соработник во Христос, и мојот мил Стахиј!
10. Поздравете го Апелиј, проверениот во Христос! Поздравете ги оние од домот на Аристобул!
11. Поздравете го мојот сонародник Иродион! Поздравете ги и оние од Нарцисовиот дом, кои се во Господ!
12. Поздравете ги Трифена и Трифоса, кои се трудат во Господ! Поздравете ја милата Персида, која многу се трудеше во Господ!
13. Поздравете го Руф, избраниот во Господ, и неговата мајка и моја!
14. Поздравете ги Асинкрит, Влегонт, Ерма, Патроб, Ермија и браќата кои се со нив!
15. Поздравете ги Вилолог и Јулија, Ниреј и неговата сестра, потоа Олимп и сите светии, кои се со нив!
16. Поздравете се еден со друг со свет целив! Bе поздравуваат сите Христови цркви.
17. Bе молам, браќа, чувајте се од оние кои прават раздори и препирки против учењето кое го научивте, и бегајте скраја од нив!
18. Зашто, таквите не Му служат на нашиот Господ Христос, туку на својот стомак, и со благи и ласкави зборови ги заведуваат срцата на простодушните.
19. Bашата послушност им е позната на сите. Затоа се радувам за вас, но сакам да бидете мудри за доброто, а неупатени во злото!
20. А Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под вашите нозе. Благодатта на нашиот Господ Исус нека биде со вас!
21. Bе поздравуваат мојот соработник Тимотеј и моите сонародници Луциј, Јасон и Сосипатар.
22. Bе поздравувам во Господ и јас, Тертиј, кој го напиша ова писмо.
23. Bе поздравува Гај, домаќинот мој и на целата црква. Bе поздравуваат градскиот благајник Ераст и братот Кварт.
24. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос да биде со сите вас!
25. А на Оној кој може да ве утврди - според моето Евангелие и според проповедта за Исус Христос, согласно со откровението на тајната за која се молчеше од дамнина,
26. а сега се јави преку пророчките списи и по заповед на вечниот Бог им беше соопштена на сите народи, приведувајќи ги кон послушност на верата,
27. - на единствениот мудар Бог, нека биде слава преку Исус Христос во сите векови. Амин!

  Romans (16/16)