Romans (14/16)  

1. Примајте го слабиот во верата, но не за да го судите неговото мислење!
2. Еден верува дека смее да јаде сè, а оној кој е слаб, јаде само зеленчук.
3. Оној што јаде, нека не го презира оној што не јаде; а оној што не јаде, нека не го осудува оној што јаде, зашто Бог го прифатил таков.
4. Кој си ти, што судиш туѓ слуга? Тој стои или паѓа пред својот господар, а ќе стои зашто Господ е силен да го поткрепи.
5. Еден ги разликува деновите, а друг сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уверен во своето мнение!
6. Кој го почитува денот, тоа го прави за Господ; кој јаде, јаде за Господ, бидејќи Му благодари на Бог; и кој не јаде, за Господ не јаде и Му благодари на Бог.
7. Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси,
8. зашто ако живееме, живееме за Господ; ако умираме - умираме за Господ. Затоа, живееме ли или умираме, Господови сме.
9. Христос, всушност, и затоа умре и оживеа, за да биде Господар и над мртвите и над живите.
10. А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Божјиот судски престол,
11. бидејќи е напишано: "Затоа што Сум жив - вели Господ - пред Мене ќе клекне секое колено; и секој јазик ќе Го признае Бога."
12. И така, секој од нас за себе ќе одговара пред Бог.
13. Затоа, да не се осудуваме веќе еден со друг, туку подобро да мислиме за тоа никој да не поставува пред братот пречки или соблазни!
14. Знам, и уверен сум во Господ Исус, дека ништо не е нечисто само по себе, туку само за оној кој смета дека нешто е нечисто, за него е нечисто.
15. Зашто, ако е нажален твојот брат заради јадење, ти веќе не постапуваш според љубовта. Не сотирај го со твоето јадење оној за кого Христос умре.
16. И така, не дозволувајте да се хули на вашето добро!
17. Зашто Божјото царство не се состои од јадење и пиење, туку од праведност, мир и радост во Светиот Дух.
18. Оној кој со ова Му служи на Христос, е по волја на Бог и е ценет од луѓето.
19. И така, да се стремиме кон она што е за мир и за заемно надградување!
20. Не урнисувај го Божјото дело заради јадење! Сè е чисто, но е зло за човекот, кој јадејќи наведува на грев.
21. Добро е да не се јаде месо, ниту да се пие вино, ни да се прави нешто поради што твојот брат се соблазнува.
22. Bерата што ја имаш, имај си ја за себе пред Бог! Блажен е оној кој не се осудува себеси за она што го смета за добро.
23. А оној кој се сомнева кога јаде, се осудува, зашто не јаде од вера; а сè што не е од вера, грев е.

  Romans (14/16)