Romans (13/16)  

1. Секоја душа нека им се покорува на претпоставените власти, зашто нема власт, а да не е од Бога, а оние кои се поставени, од Бог се поставени.
2. Затоа, оној кој и се противставува на власта, и се противставува на Божјата уредба; а оние што се противставуваат, ќе ја примат својата осуда.
3. Зашто владетелите не се страв и трепет за добри дела, туку за зли. Ако сакаш да не страхуваш од власта, прави добро, па ќе бидеш пофален од неа.
4. Таа е во служба на Бог за твое добро. Но, ако правиш зло, страхувај, зашто таа не носи напразно меч, бидејќи е во служба на Бог и гневно се одмаздува на оној што прави зло.
5. Затоа треба да и бидеш покорен, не само поради гневот, туку и поради совеста.
6. Затоа плаќате и даноци, зашто управителите се Божји службеници кои се занимаваат со тоа.
7. Дајте му го секому она што сте должни: кому данок - данокот; кому царина- царината; кому страв- стравот; кому чест- честа!
8. Не должете никому ништо, освен да се љубите еден друг, зашто кој го љуби ближниот, го исполнува законот.
9. Зашто заповедите: "Не врши прељуба! Не убивај! Не кради! Не посакувај!" - и ако има уште некоја друга заповед, сите се содржани во овие зборови: "Љуби го својот ближен како себеси!"
10. Љубовта не му прави зло на ближниот; затоа, љубовта е исполнување на законот.
11. Правете го тоа, знаејќи го времето, бидејќи е дојден часот да се разбудите од сонот; зашто сега спасението ни е поблизу отколку кога поверувавме.
12. Ноќта речиси помина, а денот наближи. Затоа да ги отфрлиме делата на темнината и да се облечеме во оружјето на светлината!
13. Да живееме пристојно како дење, не во гозби и пијанство, не во блуд и прељуба, не во препирки и љубомора,
14. туку загрнете се со нашиот Господ Исус Христос, и не задоволувајте ги похотите на телото.

  Romans (13/16)