Revelation (4/22)  

1. Потоа погледнав и видов: на небото имаше отворена врата, а преѓешниот глас, што го чув како труба да зборува со мене, рече: дојди ваму, горе, и ќе ти покажам што ќе се случи по ова!
2. Bеднаш се најдов во духот и ете, на небото имаше престол, а на престолот седеше Еден;
3. а Оној Кој седеше, изгледаше како камен јаспис и сард, а околу престолот имаше божилак кој прилегаше на смарагд.
4. И околу престолот имаше дваесет и четири престоли, а на престолите видов дваесет и четири старешини седнати и облечени во бели облеки, а на главите имаа златни круни.
5. Од престолот излегуваа молскавици и гласови и грмежи, а пред престолот гореа седум светала, кои се седумте Божји Духови.
6. Пред престолот имаше нешто како стаклено море, слично на кристал, а сред престолот и околу него, четири живи суштества полни со очи и однапред и одназад.
7. Првото живо суштество личеше на лав, второто живо суштество на јунец, третото живо суштество имаше лице како на човек, а четвртото живо суштество личеше на орел во лет.
8. И секое од четирите живи суштества имаше по шест крилја, полни со очи наоколу и однатре; и дење и ноќе не престануваат да велат:"Свет, свет, свет е Господ Бог Семоќниот, Кој беше, Кој е и Кој доаѓа."
9. А кога живите суштества му оддаваа слава, чест и благодарност на Оној Кој седи на престолот, Кој живее во вечни векови,
10. дваесет и четирите старешини паднаа пред Оној Кој седи на престолот и Му се поклонија на Оној Кој живее во вечни векови, и ги положија своите круни пред престолот, велејќи:
11. "Достоен си, Господи, Боже наш, да примиш слава и чест и моќ, зашто Ти создаде сè, и поради Твојата волја суштествува и е создадено сè."

  Revelation (4/22)