Revelation (18/22)  

1. Потоа видов друг ангел како слегува од небото; тој имаше голема власт, и земјата се осветли од неговата слава.
2. И извика со силен глас, велејќи: "Падна, падна големиот Bавилон, и стана демонско живеалиште и засолниште на сите нечисти духови и засолниште на сите нечисти и омразени птици,
3. зашто сите народи пиеја од виното на нејзиното распалено блудство, земните цареви блудствуваа со неа, а земните трговци се збогатија од нејзиниот изобилен раскош!"
4. И чув друг глас од небото како вели: "Излези од неа, народе Мој, за да не бидеш соучесник во нејзините гревови и да не ги примиш нејзините зла;
5. зашто нејзините гревови се натрупаа до небото и Бог си спомна за нејзините беззаконија.
6. Bозвратете и како што и таа ви возврати вам, и вратете и двојно, според нејзините дела; во чашата, во која таа налеваше, налејте и двојно!
7. Колку што се прослави себеси и живееше раскошно, дајте и толку маки и тага, зашто во своето срце вели: "Седам како царица и не сум вдовица и нема никогаш да видам тага."
8. Затоа во еден ден ќе дојдат нејзините маки: помор, тага и глад, и ќе биде изгорена со оган; зашто силен е Господ Бог Кој што ја суди.
9. И кога ќе го видат димот од нејзиното горење, ќе заплачат и ќе залелекаат по неа земните цареви, кои блудствуваа и живееја раскошно со неа."
10. Стоејќи далеку, заради стравот од нејзините маки, ќе зборуваат: "Тешко, тешко, голем граду Bавилону, силен граду, зашто во еден час дојде твојата пресуда!
11. И земните трговци ќе плачат и ќе лелекаат по неа, зашто никој веќе не ги купува нивните стоки,
12. стоки од злато, сребро, скапоцени камења и бисери, од лен, пурпур и свила, од црвена ткаенина и од секакво мирисливо дрво; од разни предмети од слонова коска и разни предмети од најскапоцено дрво, од бронза, железо и мермер,
13. цимет, балзам, мириси, масти, темјан, вино, масло, бело брашно и пченица, говеда, овци, коњи и кочии, тела и човечки души.
14. А плодовите по кое копнееше твојата душа, си отиде од тебе, и секое изобилство и секој сјај ти пропадна, и нема веќе да го најдеш.
15. Трговците со овие нешта, кои преку неа се збогатија, ќе стојат далеку заради страв од нејзините маки и ќе плачат и лелекаат,
16. велејќи: "Тешко, тешко! Голем граду, ти кој беше облечен во лен, пурпур и во црвена ткаенина, и украсен со злато, скапоцени камења и со бисери,
17. зашто во еден миг пропадна толкаво големо богатство!"И секој бродосопственик, секој патник, морнар и сите кои тргуваат на море, застанаа далеку
18. и викаа кога го гледаа димот од неговиот пожар, велејќи: "Кој беше како овој голем град?"
19. И си ги посипуваа главите со прав и викаа со плач и тага, велејќи: "Тешко, тешко, голем граду, во кого сите кои имаа кораби по морето, се збогатија од неговите скапоцености,зашто запусте во еден час!
20. Bеселете се над него, небо и вие светии, вие апостоли и вие пророци, зашто Бог го изрече вашиот суд над него."
21. А еден силен ангел подигна камен, голем како воденички камен и го фрли во морето, велејќи: "Bака насилно ќе биде фрлен големиот град Bавилон и нема веќе да се најде!
22. И звук на харфисти, свирачи, флејтисти и трубачи нема веќе да се чуе во тебе; и никаков занаетчија од ниеден занает нема веќе да се најде во тебе; и шум од воденица нема веќе да се чуе во тебе;
23. светлина на светало нема веќе да свети во тебе; и глас на младоженец и невеста нема веќе да се чуе во тебе; зашто твоите трговци беа големците на земјата; зашто со твоите гатања беа измамени сите народи.
24. И во неа се најде крвта на пророците, на светите и на сите кои беа заклани на земјата."

  Revelation (18/22)