Psalms (99/150)  

1. Господ се зацари: нека треперат народите! Он седи на херувими: нека се затресе земјата!
2. Велик е Господ на Сион и возвишен е Он над сите народи.
3. Нека го слават името Твое велико: зашто тоа е страшно и свето.
4. И геста на Царот, сака праведен суд; Ти утврди правда; суд и правда Ти изврши кај Јакова.
5. Превознесувајте Го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, зашто тоа е свето!
6. Мојсеј и Арон беа ме у свештениците свои, а Самуил ме у оние, кои го призовуаа името Негово. Ти го призовуваа Господа и Он ги слушаше.
7. Во облаков столб Он им говореше, зашто тие ги пазеа Неговите заповеди и наредби, што им ги даваше.
8. Господи, Боже наш, Ти ги слушаше. Боже, Ти беше милостив спрема нив и ги казнуваше сите нивни лоши постапки.
9. Возвишувајте Го Господа, нашиот Бог, и поклонувајте се пред Неговата света гора, зашто свет е Господа, нашиот Бог.

  Psalms (99/150)