Psalms (98/150)  

1. Запејте Му на Господа нова песна, зашто создаде чудесни работи, Неговата десница, Му помогна и Неговата света мишка.
2. Господ го објави Своето спасение, пред очите на народите ја откри Својата правда.
3. Се присети Он за својата милост кон Јакова и на вистината Своја кон домот Израилев; сите краишта земи го видоа спасението од Нашиот Бог.
4. Воскликни Му на Господа, цела земјо; запеј, радуј се и пеј;
5. пејте Му на Господа со гусли, со гусли и со глас псаломски;
6. во труби ковани и во труби од рог затрубете пред Царот - пред Господа.
7. Нека шуми морето и се она што го исполнува: вселената и сите што живеат во неа;
8. да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господа!
9. зашто Он доа а да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда и народите - правично.

  Psalms (98/150)