Psalms (96/150)  

1. Запејте Му на Господа песна нова, запеј Му на Господа, цела земјо!
2. Пејте Му на Господа, благословувајте го името Негово, благовестите го од ден на ден спасението од Него;
3. разгласувајте ја ме у народите славата Негова, и на сите народи - чудесата Негови;
4. зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Оне над сите богови.
5. Бидејки сите богови на незнабожците се бесови, а Господ го создаде небото.
6. Слава и величие се пред лицето Негово, светост и великолепие - во светилиштето Негово.
7. Воздајте Му на Господа, племиња народни, воздајте Му слава и чест;
8. воздајте Му на Господа слава на името Негово, земете жртви и влезете во неговите дворови;
9. поклонете Му се на Господа во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицетео Негово целата земја!
10. Кажете им на народите: Господ се зацари! затоа цврста е вселената, нема да се разниша.
11. Нека се развесели небото и да се возрадува земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12. нека се радуваат полињата и се што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
13. пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да и суди на земјата. Он ке и суди на вселената по правда, и на народите - според Својата вистина.

  Psalms (96/150)