Psalms (95/150)  

1. Дојдете да се возрадуваме во Господа и да воскликнеме кон Бога, Спасителот наш;
2. да побрзаме пред лицето Негово со славословие, и со псалми да Му воскликнеме,
3. зашто Бог е велик Господ и Цар голем по целата земја.
4. Зашто во Неговите раце се сите краишта на земјата, а горските височини се исто така Негови.
5. Бидејки Негово е морето, и Он го создаде, а рацете Негови го создадоа и сувото.
6. Дојдете, да Му се поклониме и да паднеме ничкум, да заплачеме пред лицето на Господа, нашиот Творец;
7. зашто Он е Бог наш, а ние сме народ од Неговото пасиште и овци од Неговите раце. О, денес да бевте го послушале Неговиот глас!
8. "Не ожесточувајте ги срцата ваши, како во Мерива, во деновите на искушението во пустињата,
9. каде што Ме искушуваа вашите татковци, Ме испитуваа и ги видоа делата Мои.
10. Четириесет години негодуваа против тој народ и реков: овие лу е се заблудуваат во срцето свое и не ги познаа патиштата Мои,
11. па затоа се заколнав во гневот Свој, дека тие нема да влезат во Мојот мир."

  Psalms (95/150)