Psalms (94/150)  

1. Бог Господ е одмаздник Боже на одмаздата покажи се!
2. Стани, Судијо на земјава, дај им отплата на гордите.
3. До кога грешниците, Господи, до кога грешниците ке се фалат,
4. мрморат и кажуваат неправда, до кога ке зборуваат така сите што вршат безааконие?
5. Го газат Твојот народ, Господи, и го озлобуваат Твоето наследство;
6. вдовица и сирак убија, и придојден убија.
7. па рекоа: Господ нема да види, ни Бог Јаковов нема да дознае.
8. Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, лу е, некогаш ке се опаметите?
9. Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види?
10. Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знење, зар нема да казни?
11. Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни.
12. Блажен е оној човек, кого го казнуваш Ти, Господи, и го поучуваш на Твојот закон,
13. за да му дадеш мир во лошите денови, додека за грешникот не се ископа гроб!
14. Зашто Господ нема да го отфрли Својот народ и нема да го остави Своето наследство.
15. додека правдата не се обрне во суд и по него не се држат сите прави по срце.
16. Кој ке се крене за мене против лукавите или кој ке стои покрај мене против оние што вршат беззаконие?
17. Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ке се преселеше во адот.
18. Кога ке речев: ногата ми се поколеба, - Твојата милост, Господи, ме помагаше.
19. Кога се намножуваа тешкотиите и во срцето мое, Твоите утехи ја развеселуваа душата моја.
20. Па зар до Тебе ке се приближи престолот безбожнички, оној што работи спротивно на законот Твој.
21. Ја ловат душата на преведникот и осудуват невина крв.
22. Но Господ е мое прибежиште и Бог мој - сигурност во надежта моја.
23. Он ке го сврти врз нив нивното беззаконие, и според злобата нивна ке ги погуби Господ Бог.

  Psalms (94/150)