Psalms (92/150)  

1. Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишни,
2. да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја нок - Твојата вистина,
3. на десетострунен псалтир, со песна на гусле.
4. Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите созданија, и од делата на Твоите раце е зарадував.
5. Колку се големи делата Твои, Господи! многу се длабоки Твоите помисли!
6. Безумниот човек не ке може да ги узнае, и неразумниот нема да го разбере тоа.
7. Кога грешниците никнуваат како трева, и кренат глава оние што вршат беззаконие, тоа е за да бидат истребени засекогаш, -
8. Ти си, Господи, Севишни секогаш!
9. Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ке пропаднат и ке се растураат сите што вршат беззаконие;
10. а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и староста моја со елеј се помазува,
11. и окото мое ги погледа непријателите мои, и увото мое ке чуе за побунетите против мене беззаконици.
12. Преведникот процути како палма, ке се издигне како кедар ливански.
13. Засадените во домот Господов, ке процутат во дворовите на нашиот Бог;
14. тие и во староста ке бидат плодни, помазани и ке живеат угодно,
15. за да возвестуваат дека е праведен Господ, нашиот Бог, и дека нема неправда од Него.

  Psalms (92/150)