Psalms (90/150)  

1. Господи, Ти си ни прибежиште од род во род.
2. Дури уште пред да се појават горите, и пред создавањето на земјата и на вселената, отсекогаш и за секогаш Ти постоиш.
3. Не вракај го човекот во прав, бидејки си рекол: "обратете се синови човечки!"
4. Зашто пред Твоите очи иљада години се како вчерашен ден, што поминал, и колку една стража преку нокта.
5. Годините нивни минуваат; тие се како трева - изутрина;
6. наутро ке процути и ке помине, а навечер па а и се исушува.
7. Така и ние исчезнуваме од Твојот гнев, и од Твојата јарост сме во забуна.
8. Ти си ги поставил пред Себе нашите беззаконија, векот наш е во светлината на лицето Твое.
9. Сите наши дни се скратуваат и од Твојот гнев исчезнуваат, па веке не нема; нашите години се трудеа како пајак.
10. Дните на нашиот живот се седумдесет години, а ако сме крепки и до осумдесет години; и повеке време од нив се во труд и болести, бидејки брзо минуваат и ние летаме со нив.
11. Која ја знае силата на Твојот гнев, па во стравот пред Твојата јарост да се плаши?
12. Научи не така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце.
13. Сврти се, Господи, до кога вака? Смилувај се на Твоите слуги.
14. Се исполнивме изутрина со Твојата милост, Господи, и се зарадувавме и се развеселивме во сите наши дни,
15. се развеселивме за оние дни, кога не понизуваше, за годините, во кои видовме зло.
16. па призри на слугите Твои и на делата Твои, и научи ги синовите нивни.
17. И славата на нашиот Господ Бог нека биде со нас, и во делата на рацете наши помагај ни.

  Psalms (90/150)