Psalms (9/150)  

1. Те прославувам Тебе, Господи, со сето срце свои, ги известувам сите чудеса Твои;
2. се радувам и се веселам во Тебе, му пеам на името Твое, Севишни.
3. Кога се вратија непријателите мои, се сопнаа, изгубија сила и погинаа од лицето Твое.
4. Бидејки донесе пресуда за мене и ме одбрани; седна на престолот Свој, судија праведен.
5. Им запрети на народите и загина нечестивиот; името му го затре за сите векови.
6. Непријателот остана сосема без оружје; градовите Му ги разруши, и погина споменот за нив.
7. Но Господ секогаш живее; го подготвил престолот Свој за суд;
8. Он ке и суди на вселената по правда, на лу ето ке им суди право.
9. И ке му биде Господ прибежиште на сиромавиот, помошник во право време во невоља.
10. Па нека се надеваат на Тебе оние кои го знаат името Твое, бидејки не ги оставаш оние што Те бараат.
11. Пејте Му на Господа Кој живее на Сион, кажувајте ги на народите делата Негови;
12. бидејки Он се одмаздува за крв; ја помни; не ги заборава пискотите на неволниците.
13. Смулуј се, Господи на мене; погледај како страдам од непријателите мои, Ти, Кој ме избавуваш од вратата на смртта.
14. За да ги кажувам сите похвали за Тебе пред вратите на керката Сионска и да го прославувам спасението Твое.
15. Пропа аа народите во јама, што сами ја направија; во замка, која сами ја наместија, се фати ногата нивна.
16. Го познаа Господа, Кој суди; во делата на рацете Негови грешникот се заплетува.
17. Kе се вратат во пеколот сите грешници, и сите народи, кои Бога Го забораваат.
18. Зашто нема засекогаш да биде заборавен сиромавиот, и надежта на бедните нема никогаш да престане.
19. Стани, Господи, за да не се засили човекот, и народите да примаат суд пред Тебе.
20. Постави, Господи, законоположник над нив, за да разберат незнабожците дека се лу е.

  Psalms (9/150)