Psalms (89/150)  

1. Милоста, Твоја, Господи, вечно ке ја воспевам, од род во род ке ја разгласувам со устата своја Твојата вистина.
2. Зашто рече: милоста е за вечност установена, а на небото Ти ја утврди Твојата вистина.
3. "Јас поставив завет со Моите избраници, му се заколнав на Мојот слуга Давида:
4. за вечност ке го одржувам твоето потомство, од род во род и ке го утврдувам твојот престол."
5. И небото ке ги прославува. Господи, Твоите чудесни дела и Твојата вистина во собранијата на светиите.
6. Зашто, кој на облаците ке се споредува со Господа и кој од синовите Божји ке се изедначи со Господа?
7. Во соборот на светиите Бога Го прославуваат; велик е и страшен за сите што Го окружуваат.
8. Господи, Боже на силите, кој е еднаков со Тебе. Силен Си Ти, Господи, и вистината Твоја е околу Тебе.
9. Ти управуваш со силата морска и силните бранови негови, Ти ги скротуваш.
10. Ти го поразуваш гордиот како ранет, со Твојата крепка рака ги распрснуваш непријателите Свои.
11. Твои се небесата и твоја е земјата; вселената и она, што ја исполнува, Ти си ја основал.
12. Север и југ Ти си ги создал; Тавор и Ермон за Твоето име се радуваат.
13. Силна е Твојата мишка, црвста е раката Твоја, високо е издигната десницата Твоја!
14. Правдата и судот се основа на Твојот престол; милоста и вистината одат пред Твоето лице.
15. Блажени се лу ето, што го познаваат трубниот глас. Тие одат во светлината на Твоето лице, Господи;
16. за Твоето име се радуваат цел ден и со Твојата правда се возвишуваат,
17. зашто Ти си похвала на силите нивни и со Твоето благоволение се издига нашито рог,
18. бидејки нашата заштита доа а од Господа и од светецот Израилев, нашиот Цар.
19. Некогаш Ти си им зборувал на Твоите синови во видение и си рекол: "Јас му дадов помош на силниот, го издигнав избраникот ме у Мојот народ.
20. Го најдов Мојот слуга Давида; со својот свет елеј го помазав.
21. Раката Моја ке го застапува, и мишката моја ке го закрепнува.
22. Непријателот не ке може ништо да му направи,и синот на беззаконието нема да го измачува.
23. Kе ги уништам пред него непријателите негови и ке ги победам оние, што го мразат.
24. И Мојата вистина и Мојата милост се со него, и преку Моето име ке се возвишува неговиот рог.
25. И ке ја положам над морето раката негова, и над реките - десницата негова.
26. Тој ке ме призива: Ти си мој Отец, мој Бог и крепост на моето спасение.
27. И Јас ке го направам првороден син, повисоко од земните цареви,
28. засекогаш ке му ја зачувам Мојата милост и Мојот завет со него да биде верен.
29. И ке го продолжам за секогаш неговото потомство и неговиот престол, - колку деновите на небото.
30. Ако синовите негови го остават Мојот закон и не одат по Моите заповеди;
31. ако ги нарушат Моите наредби и не ги запазуваат Моите повелби,
32. тогаш ке ги посетам со жезалот поради нивното беззаконие, и со рани - заради неправдите нивни;
33. но милоста Своја нема да ја одземам од него и вистината нема да ја превртам.
34. Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.
35. Еднаш се заколнав во светоста Своја: ке ги излажам ли Давида?
36. Неговото потомство вечно ке пребива, неговиот престол ке биде како сонце пред Мене,
37. засекогаш ке стои како месечината; и верен сведок е на небото."
38. Но Ти го отфрли и го презре, негодуваше на Твојот помазаник;
39. го разруши заветот со Твојот слуга, го оскверни светилиштето негово на земјата;
40. ги разруши сите негови огради, ги претвори во урнатини неговите крепости.
41. Го ограбуваат сите што поминуваат по патот; тој стана за потсмев на своите соседи.
42. Ти ја возвиши десницата на неговите противници, ги зарадува сите непријатели негови;
43. Ти му откажа помош на мечот негов и во борбата не го поткрепи;
44. ја одзеде од него чистотата и го урна на земја престолот негов;
45. ги скрати деновите на времето негово и го покри со срам.
46. До кога, Господи, ке се одрвака непрестајно? Го кога ке гори гневот Твој како оган.
47. Спомни си, колкав е векот мој: за каква суета си ги создал сите синови човечки.
48. Кој од лу ето ке живее, а смрт да не види, и да ја спаси душата од пеколот?
49. Каде се Твоите поранешни милости, Господи, за кои му се заколна на Давида во Твојата вистина.
50. Сети се, Господи, на подбивите од слугите Твои што ги носам во пазувите свои од многуте народи;
51. на подбивите од Твоите непријатели, Господи, со кои ја валкаат трагата на Твојот помазаник.
52. Нека е благословен Господ во сите векови! Амин, Амин!

  Psalms (89/150)