Psalms (88/150)  

1. Господи, Боже на моето спасение, дење Те призивам и ноке сум пред Тебе:
2. за да дојде пред Тебе молитвата моја, приклони го увото Свое кон молбата моја, Господи,
3. зашто душата моја е полна со јад и животот се приближи до адот.
4. Се изедначив со оние, што слегуваат во гроб; станав како човек без помош - слободен ме у мртвите;
5. како фрлени и ранети што лежат во гроб, за кои Ти веке не се секаваш; тие се оттурнани од Твојата рака.
6. Ме положија во подземен ров, во мрак и во смртна сенка.
7. Ја истури врз мене Твојата јарост, и со сите Свои бранови ме поразуваш.
8. Ти ги оддалечи од мене моите познати, ме направи одвратен за нив; затворен сум и не можам да излезам.
9. Очите мои ослабеа од сиромаштија: цел ден викам кон Тебе, Господи, ги протегам рацете кон Тебе.
10. Зар на мртовци ке правиш чуда? Зар сенките ке се кренат и ке Те слават?
11. Зар во гроб некој ке кажува за твојата милост и за Твојата вистина - местото на распа ањето?
12. Зар во темнината ке ги познаат Твоите чудеса, и во земјата на заборавот - твојата правда?
13. Но јас повикав кон Тебе, Господи, и наутро молитвата моја Те испреварува.
14. Зошто, Господи, ја оттурнуваш душата моја и го одвракаш лицето Свое од мене?
15. Јас сум несрекен и од младини се мачам; се возгордеав, се смирив и изнемоштен сум.
16. Над мене се надви Твојата јарост, Твоите заплашувања наполно ме скршија.
17. Секој ден ме опкружуваат како вода: сите заедно ме опседнуваат.
18. Ти го оддалечи од мене ближниот и пријателот; моите познати не се гледаат.

  Psalms (88/150)