Psalms (86/150)  

1. Приклони го, Господи, увото свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав.
2. Зачувај ја душата моја, зашто сум смирен; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева на Тебе.
3. Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден.
4. Развесели ја душата на Твојот слуга, оти кон Тебе, Господи, ја вознесувам душата своја;
5. зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те признаваат.
6. Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја.
7. Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.
8. Ме у боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите.
9. Сите народи што си ги создал Ти, ке дојдат и ке се поклонат пред Тебе, Господи, и ке го прославуваат името Твое,
10. зашто Ти си велик и правиш чудеса, - Ти си Бог единствен!
11. Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ке одам во Твојата вистина; и нека се радува срцето мое, плашејки се од името Твое.
12. Kе Те славам, Господи, Боже мој, од се срце и вечно ке го прославувам името Твое,
13. зашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од длабините на пеколот.
14. Боже, законопрестапниците станаа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе.
15. Но Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистинит,
16. погледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата свој и спаси го синот на слугинката Твоја;
17. покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.

  Psalms (86/150)