Psalms (85/150)  

1. Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.
2. Ти им ги прости беззаконијата на Твоите лу е, ги покри сите нивни гревови,
3. го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
4. Поврати не, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
5. Зар вечно ке се гневиш на нас, или ке го протегнеш гневот Свој од род во род?
6. Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да не оживееш, и лу ето Твои да се зарадуваат во Тебе?
7. Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8. Kе чујам што ке ми рече Господ Бог, зашто Он ке зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обракаат Нему.
9. Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.
10. Милоста и вистината ке се сретнат, правдата и мирот ке се целиваат.
11. Вистината ке изникне од земјата, а правдата ке се појави од небото;
12. Зашто Господ ке даде добро, и нашата земја ке го даде својот плод;
13. правдата ке оди пред Него и на патот ке ги става стапките свои.

  Psalms (85/150)