Psalms (83/150)  

1. Боже, кој може да се спореди со Тебе? Не премолчувај, и не смирувај се Боже,
2. зашто ете Твоите непријатели вреват, а оние, што Те мразат, кренаа глава;
3. против Твојот народ зло наумија и се советуваат против светите Твои;
4. рекоа: "Да отидеме и да го истребиме ме у народите, па да не се спомнува повеке името Израил."
5. Се договорија еднодушно, склучија против Тебе сојуз;
6. населбите Едомови и Исмаилски, Моав и Агарјани;
7. Гавал, Амон, Амалик и другоплемениците се оние што живеат во Тир,
8. бидејки и Асур се придружи кон нив, па станаа помош за синовите Лотови.
9. Направи ми го истото, како што им направи на Мадијамците, како и на Сисарите, како и на Јавин кај потокот Кисон,
10. кои беа истребени во Аендор и станаа убре за земјата.
11. Постапи со нив, со нивните кнезови, како со Орив и Зива и со сите нивни кнезови, како со Зевеј и Саламан,
12. бидејки велат: "Да го присвоиме за себе светилиштето Божјо!"
13. Боже мој, заповедај да станат како виор и како плева пред ветар;
14. како оган што изгорува дубрави, и како пламен што запалува гори.
15. Така и Ти подгони ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи!
16. исполни ги лицата нивни со бесчестие, па да го побараат името Твое, Господи!
17. Да се засрамат и да се збунат засекогаш, да се посрамат и да загинат,
18. и да познаат, дека името Ти е Господ, и дека Ти си единствен Севишен над целата земја.

  Psalms (83/150)