Psalms (81/150)  

1. Радувајте се во Бога, нашиот помошник, воскликнете кон Бога Јаковов;
2. запејте песна, удрете во тимпан, во милозвучно гусле со псалтир;
3. затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник,
4. зашто тоа е закон за Израилот, наредба од Бога Јаковов.
5. Он го установи тоа како сведоштво за Јосифа, кога тој излезе од Египетската земја, каде што чу јазик, што не го знаеше:
6. "Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.
7. Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.
8. Чуј, народе Мој, и Јас ке ти посведичам, ако Ме послушаш, Израиле!
9. Да немаш друг бог и да не му се клањаш на друг земен бог.
10. Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од Египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ке ја исполнам.
11. Но мојот народ не го послуша гласот Мој, и Израилот не Ми се поклони;
12. затоа Јас ги оставив на нивните упорни срца; нека одат по мислите свои.
13. О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израилот да одеше по Моите патишта,
14. веднаш ке ги смирев нивните непријатели и ке ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа."
15. Оние, што го мразат Господа, сакаа да Му се приближат, и нивното дружење би продолжило за секогаш;
16. ке ги хранев со најдобра пченица и ке ги наситував со мед од камен.

  Psalms (81/150)