Psalms (80/150)  

1. Пастиру Израилев, послушај! Ти, Кој го водиш Јосифа како стадо, Кој седиш на херувимите, јави се!
2. Пред Ефрема, Венијамина и Манасија издигни ја силата Своја и дојди да не спасиш.
3. Боже, поврати не; нека светне лицето Твое, и ние ке се спасиме!
4. Господи, Боже на силите, до кога ке бидеш гневен на молитвата од слугите Твои?
5. Kе не храниш ли со солзлив леб, и напојуваш со солзи изобилно?
6. Не направи приказ за кавги ме у нашите соседи, и нашите непријатели ни се смеат.
7. Господи, Боже на силите, поврати не! Нека светне лицето Твое, и ние ке се спасиме!
8. Ти ја пренесе од Египет лозата, ги изгони народите и ја посади;
9. исчисти за неа место, и ги зацврсти корењата нејзини, и таа ја исполни земјата.
10. Горите се покрија од сенката нејзина, и гранките и се како кедрови Божји;
11. таа пушти гранки до морето и младици до реката.
12. Зошто ја сруши нејзината ограда, па да ја берат сите, што минуваат по патот?
13. Горскиот вепар ја подгризува, и полската sверка ја јаде.
14. Боже на силите! Сврти се, погледај од небесата и види го и посети го ова лозје;
15. и утврди го она што го посади десницата Твоја; погледај и на синот човечки, што си го зацврстил за Себе.
16. Тоа е со оган обгорено и раскопано; од страв пред Твоето лице нека пропаднат.
17. Твојата десница нека биде раката Твоја над човекот, и на синот човечки, кого си го зацврстила за Себе.
18. А ние нема да отстапиме од Тебе; оживи не, и ние ке го призиваме Твоето име.
19. Господи, Боже на силите, поврати не; нека свети лицето Твое, и ние ке се спасиме!

  Psalms (80/150)