Psalms (8/150)  

1. Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја! Си ја издигнал славата Своја над небесата.
2. Од устата на младенците и доенчињата си ја создал похвалата Своја заради непријателите Твои, за да го срушиш непријателот и одмаздникот.
3. Кога ке ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и sвездите, што си ги поставил Ти:
4. Што е тоа човек, та се секаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш?
5. Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал,
6. и си го поставил над делата од рацете Твои, и се си потчинил под нозете негови;
7. овците и воловите сите, и sверовите полски;
8. птиците небески и рибите морски, се што се движи по морските патишта.
9. Господи, Господи наш, колку е чудесно името Твое по целата земја!

  Psalms (8/150)