Psalms (79/150)  

1. Боже, незнабожците дојдоа во Твоето наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претворија во урантини.
2. Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небесни, а телата на Твоите светии - на земните sверови;
3. ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе.
4. Станавме за потсмев на соседите наши, срам и подбив за оние што се околу нас;
5. До кога, Господи, ке се разгневуваш постојано, до кога ке гори лутината Твоја како оган?
6. Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое,
7. зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија.
8. Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да не престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени.
9. Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави не и очисти не од гревовите наши заради името Твое!
10. Зашто незнабожците да велат: "Каде е нивниот Бог?" Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги.
11. Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт.
12. Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.
13. А ние, пак, народот Твој и овци од Твоето пасиште, вечно ке Те славиме и од род во род ке разгласуваме за Тебе похвала.

  Psalms (79/150)