Psalms (78/150)  

1. Внимавајте лу е Мои на законот Мој, нека чуе увото ваше што зборува устата Моја.
2. Ја отворам устата своја за парабола и ке зборувам за непознатите работи од старо време.
3. Се чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши,
4. не остана сокриено од нивните деца, зашто на идниот род му се раскажуваше славата на Господа и силата Негова, и чудесата Негови што Он ги изврши.
5. Он подигна сведоштво во Јакова и положи закон во Израилот, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои,
6. за да знае идниот род, децата, што ке се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца,
7. да ги полагаат надежите свои на Бога, да не ги забораваат делата Божји, да ги чуваат Неговите заповеди
8. и да не бидат како татковците нивни - род упорен и бунтовен, непостојан по срце и не му остана верен на Бога со духот свој.
9. Синовите Ефремови, вооружени, стрелајки со лакови, отстапија во денот на битката:
10. тие не го запазија заветот на Бога и не сакаа да одат по Неговиот закон.
11. Ги заборавија Неговите добрини и чудеса, што им ги беше покажал,
12. чудесата што пред очите на нивните татковци ги направи во Египетската земја, во полето Танеос;
13. го раздвои морето и ги преведе преку него, и ги постави водите како мев;
14. дење ги водеше со облак, а по цела нок - со огнена свтлина;
15. разби карпа во пустињата и ги напои како од голема бездна.
16. Од карпата изведе вода, и води потекоа како реки.
17. Но ти е продолжуваа и понатаму да грешат пред Него и да Ги огорчуваат Севишниот во пустињата:
18. го искушуваат Бога со срцето свое, барајки храна за своите души,
19. па го нападнаа Бога, велејки "Може ли Бог да приготви трпеза во пустиња?"
20. Ете, Он удри во карпата - и бликнаа води, потекоа потоци. Може ли Он да му даде и леб, може ли да му приготви трпеза на Својот народ?
21. Поради ова што го чу, Господ ги презре и пламна во гнев, и оган се разгоре против Јакова и гнев се крена против Израилот,
22. затоа што не поверуваа во Бога и не се надеваат на спасението од Него.
23. Он им заповеда на облаците одозгора и се отворија вратите на небесата,
24. па ги одожди со мана за храна, и им даде леб небесен.
25. Леб ангелски јадеше човекот: Он им испрати храна до наситување.
26. Го раздвижи од небото јужниот ветар и со силата Своја го дотера југозападниот ветар,
27. па ги одожди со месо како со прав и со птици пернати како со песок морски:
28. ги нафрла среде нивниот табор, околу нивните живеалишта,
29. и тие јадеа и се заситија: и тоа што го сакаа, им го даде.
30. Но уште не беше милана нивната желба, и храната уште им беше во устата нивна,
31. а гневот Божји дојде врз нив, ги уби нивните најсилни и Израилевите момчиња ги погуби.
32. При сето тоа тие продолжуваа да грешат и не поверуваа во чудесата Негови.
33. И така им минеа дните нивни во суета и годините нивни во смутови.
34. Кога ги убиваше, тогаш Го бараа, се обрнуваа и прибегнуваа кон Бога,
35. и се секаваа дека Бог е нивни помошник и дека Севишниот Бог е нивни избавител:
36. и со устата своја Го мамеа, а со јазикот свој лажеа пред Него;
37. но срцето нивно не Му беше наполно верно, и тие не беа цврсти во заветот Негов.
38. Но Он, Милостивиот, им го простуваше гревот и не ги истребуваше, многупати ја отстрануваше јароста Своја и не го разгоруваше сиот Свој гнев:
39. но Он знаеше дека се тие тело и здив што оди и не се врака.
40. Колкупати Го беа загорчувале во пустињата и Го беа разгневувале во безводната земја!
41. И отстапуваа и одново Го искушуваа Бога и Го раздразнуваа Светецот Израилев;
42. не се секаваа на Неговата рака, ни на денот кога Он ги избави од оној, што ги оскрбуваше;
43. кога ги покажа во Египет Своте знаци и во полето Тенеос - Своите чудеса;
44. и ги претвори реките нивни и потоците нивни во крв, за да не можат да пијат;
45. испрати на нив бубачки да ги боцкаат и жаби да ги погубуваат;
46. житото нивно го предаде на гасеници и трудот нивни на скакулци;
47. лозјата им ги исчука со град и смоквите нивни - со слана.
48. и добитокот нивни го уништи со град, а имотот нивни - со оган;
49. го испрати врз нив гневот на јароста Своја, јарост, и гнев, и маки - одред зли ангели;
50. го отвори патот на Својот гнев, не ги поштеди од смрт ни душите нивни и добитокот нивни го предаде на помор;
51. уништи се што беше првородено во Египет, привините од нивниот труд во Храмовите населби.
52. Тогаш го поведе Својот народ како овци, и ги водеше како стадо преку пустињата:
53. ги водеше сигурно, и тие не се уплашија; непријателите нивни ги покри морето -
54. и Ги воведе во светата Своја гора, онаа, која десницата Негова ја беше придобила;
55. и ги изгони од пред лицето нивно народите, а земјата им ја раздели со жреб во нивно наследство, и ги насели Израилевите колена во полињата нивни.
56. Но Ти го искушуваа и Го огорчуваа Бога Севишниот и не ги пазеа наредбите Негови.
57. Отстапија и се оттргнаа како татковците нивни, се претворија во искривен лак.
58. Го разгневуваа на ридовите свои и со своите идоли Го раздразнуваа.
59. Бог го чу тоа, ги презре и многу го понизи Израилот;
60. ја отфрли скинијата во Силом, во која се всели Он ме у лу ето;
61. и ја предаде во ропство нивната крепост и убавината нивна во рацете на непријателот;
62. па го предаде Својот народ на меч и го презре Своето наследство.
63. Момчињата нивни оган ги голташе, и за девиците нивни немаше брачни песни;
64. свештениците нивни па аа од меч, и вдовиците нивни не беа оплакувани.
65. Тогаш се разбуди Господ како од сон, како јунак од вино совладан,
66. и го порази непријателите Свои од зад грб и ги предаде на вечен срам.
67. И го отфрли Јосифовиот шатор и не го избра коленото Ефермово,
68. туку го избра коленото Јудино, гората Сион, која ја возљуби.
69. И изгради светилиште Свое како небото и како земјата го утврди за секогаш,
70. и го избра Давида својот слуга, го зеде од овчите стада,
71. и од овците што се јагнат го доведе за да го пасе народот Негов, Јакова, и Израилот, наследството Негово.
72. И Он ги пасеше со чисто срце и ги водеше со Својата мудра рака.

  Psalms (78/150)