Psalms (77/150)  

1. Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој кон Бога, и Он ме услиши.
2. Во денот на тагата моја Го побарав Бога ноке, со издигнати кон Него раце и не се уморив; но душата моја не можеше да се утеши.
3. Го спомна Бога и се развеселив, размислував и духот мој стана малодушен.
4. Будни се очите мои, се возбудив и не можев да говорам.
5. Размислував за првите дни, и се сетив за годините прастари, па се поучив;
6. Размислував ноке со срцето свои, а духот мој ме испитуваше;
7. зар Господ засекогаш те отфрли и не сака ли повеке да биде благонаклон, или
8. засекогаш престанала Неговата милост, и Неговото слово се пресекло од род во род?
9. Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ке го затвори Своето милосрдие?
10. Па си реков: "Сега знам - десницата на Севишниот се изменила."
11. Се сетив за делата на Господа; се сетив за Твоите први чудеса;
12. и ке се поучам во сите Твои дела и ке зборувам за постапките Твои.
13. Боже, Твојот пат е свет. Кој Бог е толку голем, како нашиот Бог!
14. Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја ме у народите;
15. Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јакова и на Јосифа.
16. Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.
17. Голем шум од води се слушаше, загрме од облаците, зашто стрелите Твои пролетуваа.
18. Гласот на Твојот гром се разнесуваше по небото; светкавици ја осветлуваа вселената; земјата трепереше и се тресеше.
19. Твојот пат води кон морето, но Твоите патеки во многуте води и Твоите траги не ке се познаваат.
20. Ти ги водеше како овци лу ето Твои преку раката на Мојсеја и Арона.

  Psalms (77/150)