Psalms (76/150)  

1. Познат е Бог во Јудеја; големо е Неговото име во Израилот.
2. Во светото е Неговото место, а Неговото живеалиште - на Сион.
3. Таму Он ја порази силата на стрелите, штитот и мечот и војната.
4. Светлината Твоја е чудесна од вечните гори.
5. Се збркаа сите неразумни по срце; заспаа богатите лу е и ништо не најдоа во рацете од богатствата свои.
6. Од Твојата закана, Боже Јаковов, задремаа коњаниците.
7. Ти си страшен, и кој ке Ти се противстави Тебе? Оттаму е Твојот гнев.
8. Од небесата се чу глас дека ке судиш; земјата се уплаши и се смири.
9. Кога Бог стана да суди, за да ги спаси сите кротки по земјата,
10. бидејки мислите свои лу ето ке Ти ги исповедаат: а и остатокот од нив ке Те прославува.
11. Заветувајте се на Господа, вашиот Бог, и исполнувајте ги заветите; сите, што сте околу Него, принесувајте дарови,
12. Страшниот, Кој ги скротува духовите и кнезовите, пострашен е од земните цареви.

  Psalms (76/150)