Psalms (75/150)  

1. Kе Те фалиме Тебе, Боже, ке Те фалиме, и ке го призиваме името Твое.
2. Kе ги разгласувам Твоите чудеса кога ке дојде време; ке судам по правда.
3. Kе се заниша земјата и сите, што живеат на неа. Но Јас ги зацарив столбовите нејзини.
4. Им реков на оние, што вршат беззаконија: не отстапувајте од законот, и на грешниците: не дигајте рог,
5. не кревајте го високо вашиот рог, не говорете против Бога неправда,
6. зашто издигањето не доа а ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пустите гори;
7. но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува.
8. Зашто чашата е во раката на Господа, со вино немешано, добро, и Он налева од неа по ред, но талогот нема да се источи; од него ке пијат сите грешници на земјата.
9. Јас, пак, вечно се радувам, ке Му пеам на Јакововиот Бог,
10. ке го скршам рогот на сите грешници, а рогот на преведниците ке се возвиси.

  Psalms (75/150)