Psalms (74/150)  

1. Зошто Боже, не отфрли засекогаш? Зошто гневот Твој се разгоре на овците од Твоето пасиште?
2. Сети се на Твојот народ, кого уште од порано го придоби, ги избави со жезалот како наследсто Твое, тоа е гората Сионска, на која си се населил.
3. Крени ги рацете Свои против нивната крајна гордост, против сите зла што непријателот ги направи во светилиштето Твое.
4. И се пофалија Твоите непријатели среде празникот Твој; поставија свои бојни знаци како знамиња, но не ги познаа.
5. зашто горе при влезот многу ги имаше,
6. па како во густа горичка со секира ја исекоа нејзината врата, со секира и дрвен чекан одеднаш ја скршија;
7. го запалија со оган Твоето Светилиште, го осквернија на земјата местото, на кое името Твое престојува.
8. Регоа во срцата свои оние што беа сродни на нив: "Ајде да отстапиме од сите Божји празници на земјата!
9. Знаците свои не ги гледаме, нема повеке ни пророк, и за нас нема веке да се знае."
10. До кога, Боже, ке се гордее над нас непријателот? Вечно ли противникот ке го дразни името Твое?
11. Зошто ја одвракаш раката Своја и десницата Своја во пазувите Свои ја држиш?
12. Но Бог е Царот наш уште од пред вековите, Он приготвил спасение среде земјата!
13. Боже, со силата Своја Ти си ги утврдил морињата, и ги сотре главите на водните страшила.
14. Ти и ја здроби главата на змијата и им ја даде како храна на народот етиопски.
15. Ти ги отвори изворите и потоците, ти ги исуши реките итамски.
16. Твоје е денот и Твоја е нокта: Ти си ги постави светилата и сонцето;
17. Ти ги создаде сите предели на земјата, летото и пролетта Ти ги определи.
18. Сети се сепак на ова; непријателот го навреди Господа; лу е безумни го раздразнија Твоето име.
19. Не прадавај ја на sверовите душата на оние кои се надеваат на Тебе; не заборавај ги засекогаш душите не сиромасите Твое.
20. Погледај на Својот завет, зашто сите мрачни домови по земјата се исполнија со беззаконици;
21. Да не се врати посрамен потиснатиот; сиромавиот и бедниот ке го прославуваат Твоето име.
22. Стани Боже, по правдата Своја пресуди; сети се како секој ден Те хули безумникот.
23. Не заборавај го гласот на оние кои Ти се молат; гордоста на оние што Те мразат постојано се крева против Тебе.

  Psalms (74/150)