Psalms (7/150)  

1. Господи, Боже мој, на Тебе се надевам, спаси ме од сите што ме гонат, и избави ме;
2. Да не би некогаш непријателот да посака да ми ја истргна душата; ке трга, а ке нема кој да спасува.
3. Господи, Боже мој, ако го направив тоа, ако има неправда во рацете мои;
4. ако зло вратив на оние, кои поради правда ме напа аат, тогаш нека отпаднам од непријателите мои;
5. нека ја гони непријателот душата моја, и нека ја стигне, и нека го згази животот мој на земјава, и телото мое во прав нека го претвори.
6. Стани, Господи, во гневот Свој; крени се против жестината на непријателите Твои; стани, Господи, Ти Кој заповедаш.
7. И многу народ ке се собере околу Тебе; и Ти издигни се над него високо.
8. Господ им суди на народите. Суди ми, Господи, според правдата моја и според чистотата моја.
9. Да престане злобата на грешниците, а праведникот исправи го, Ти, Боже, кој ги испитуваш срцата и утробите праведно.
10. Помош очекувам од Бога, Кој ги спасува оние што се со чисти срца.
11. Бог е праведен судија, и силен, и долготрпелив и не се гневи секој ден.
12. Но ако не се покаете, Он ке го очисти Своето оружје, ке го затегне својот лак и ке го насочи,
13. и затега смртна стрела, а стрелите Свои ги вжарува.
14. И, ете, кај безбожникот се повеке неправда, па се зачна злоба, а тоа роди беззконие,
15. па си копа и ископа јама, и падна во јамата, што ја направи,
16. и злобата негова му падна на главата негова, а врз неа и неправдата негова слезе.
17. Го прославувам Господа поради правдата Негова и му пеам на Господа Севишниот.

  Psalms (7/150)