Psalms (69/150)  

1. Спаси ме, Боже, зашто водите стигнаа до душата моја.
2. Потонав во длабока тиња, каде што нема дно; влегов во морска длабочина и бура ме потопи.
3. Изнемоштев од викање; засипна грлото мое; попуштија очите мои, надевајки се на мојот Бог.
4. Оние, што ме мразат без вина, се намножија повеке од косата на главата моја: непријателите мои, кои ме гонат неправедно, се засилија; она што не сум го зел, тогаш го давав.
5. Боже, Ти го знаеш моето безумие, и гревовите мои не се сокриени од Тебе.
6. Да не се посрамат поради мене сите они, што се надеваат на Тебе, Господи, Боже на силите. Да не се посрамат поради мене оние, кои Те бераат, Боже Израилев,
7. зашто заради Тебе поднесувам исмејување, и срам го обзеде лицето мое.
8. Ту станав за браката свои и чуден за синовите на мајка ми моја.
9. Бидејки ревноста за Твојот дом ме јаде, и подбивите на оние, што Те хулат, па аат врз мене;
10. и постам со душата своја, но и тоа ми го земаат за зло
11. место облека облекувам врека; и со тоа им станав за приказ;
12. против мене зборуваат оние што седат пред портите и пијаниците пеат за мене.
13. Јас, пак, молитвата моја ја упатувам кон Тебе, Господи; благопријатно е времето, Боже, со големата Своја милост услиши ме заради вистината на спасението од Тебе;
14. изведи ме од калта, за да не потонам; да се избавам од оние, кои ме мразат, а и од длабоките води;
15. за да не ме потопи водниот вртеж, и длабината да не ме проголта, да не ја затвори над мене бездната својата уста.
16. Услиши, ме, Господи, зашто блага е Твојата милост; поради големата Твоја милосрдност погледај ме;
17. не одвракај го лицето Свое од чедото Твое, зашто сум нажален; услиши ме брзо;
18. наклони се кон душата моја и избави ја; поради моите непријатели спаси ме.
19. зашто Ти го знаеш мојот подбив, мојот срам и моето засрамување: пред тебе се сите што ме оскрбуваат.
20. Подбив и срам дочека мојата душа, очекувајки некого во сострадание, но го немаше, и да ме утеши некој; но не го најдов.
21. И ми дадоа жолчка да каснам и кога зажеднев - со оцет ме напоија.
22. Трпезата нивна нека им биде примка, гоштевањето - стапица;
23. да ми се помрачат очите, та да не гледам, и бедрата нивни ослаби ги засекогаш;
24. излиј го врз нив гневот Свој, и јароста на Твојот гнев нека ги обземе;
25. домовите да им ги запустиш, и во шаторите нивни да не остане никој жив;
26. зашто оној кого Ти го порази, тие го гонат, и со тоа ги умножија болките од раните мои.
27. Притури беззаконие врз беззаконието нивно, за да не влезат во Твојата правда.
28. Нека бидат избришани од книгата на живите и да не бидат запишани ме у праведните.
29. Јас, пак, сум беден и страдам; нека дојде од тебе, Боже, спасението за мене!
30. Kе го славам името на мојот Бог со песна, ке го возвеличувам во славословија,
31. и тоа ке Му биде поугодно на Господа, отколку теле или јунец со рогови и со копита.
32. Нека го видат тоа оние што страдаат и нека се зарадуваат. Побарајте Го Бога за да ви оживи душата ваша,
33. зашто Господ ги услишува сиромасите и не ги презира затворениците Свои.
34. Нека Го пофалат небесата и земјата, морето и се што живее во него;
35. зашто Бог ке го спаси Сион, ке се изградат градови во Јудеја, и таму ке ги наследат;
36. и потомството на слугите Твои ке се весели во него.

  Psalms (69/150)